Цивика мобилитас: Прв повик за институционални грантови - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Цивика мобилитас: Прв повик за институционални грантови PDF Печати Е-пошта
Среда, 10 декември 2014 17:01

Повикот се однесува на граѓански организација кои се регистрирани во Македонија согласно Законот за здруженија и фондации (2010). Институционалните грантови на Цивика мобилитас ќе го поддржат процесот на институционален развој / организациско јакнење на избраните грантисти, засновани на самооценка на апликантите и од нив предложени „патокази“ за сопствената организациска трансформација.

Civica Logo Clr

Пријавите за овој повик се поднесуваат преку формуларот за пријавување, а во процесот на подготовка на пријавата, организациите ќе треба да поминат и низ процес на самооценка, пополнувајќи и прашалник за самооценка.

Секоја граѓанска организација ќе може да поднесе само една пријава на овој повик. Добитниците на грантови на овој повик нема да можат да добијат друг институционален или акциски грант во оваа фаза на Цивика мобилитас (2014-2018 година). Оценката на пријавите и изборот на грантистите ќе го прави независен Комитет за избор на грантови.

Големината на грантовите на годишно ниво ќе биде помеѓу 15.000 и 40.000 швајцарски франци. Расположливиот вкупен износ за првата година е 500.000 швајцарски франци. Грантовите од овој повик се за период до три години (36 месеци).  Поддршката на институционалните грантисти за втората и третата година ќе зависи од нивните достигнувања и ќе се предмет на одобрување од Комитетот за избор на грантови.

Краен рок за поднесување на пријавите е 26 јануари 2015 г., до 16 часот до кога треба да бидат примени сите пријави, вклучително и оние испратени по курирска служба или по пошта.

Пријавите се доставуваат на адреса:

Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)
за програмата Цивика мобилитас
ул. Никола Парапунов, бр. 41а
Поштенски фах 55, 1060 Скопје, Македонија

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на адресата: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 10.01.2015 г.

Цивика мобилитас ќе одржи неколку информативни сесии за овој повик, во периодот од 15-19.12.2014 година и тоа во: Струмица (15), Штип (16), Скопје (17), Битола (18) и Гостивар (19).

Конечниот распоред како и времето на одржување на сесиите ќе биде објавен на http://civicamobilitas.mk/mk/komponenti/2/cm-ins-01/info-sesii

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Цивика мобилитас: Прв повик за институционални грантови