Цивика мобилитас: Повик за акциски грантови [ЦМ-АКТ-01] |
Вторник, 21 април 2015 12:36 |
Цивика мобилитас објавува повик за доделување акциски грантови [ЦМ-АКТ-01] Акциските грантови на Цивика мобилитас ги поддржуваат граѓанските организации кои сакаат да ги промовираат нивните каузи и активности, а кои вклучуваат оспособување на нивните конституенти; јакнење на односите со граѓаните, заедниците и пошироката јавност; како и влијание за постигнување позитивни општествени промени. Програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас (2014-2018) има визија за Македонија во која граѓанското општество игра позитивна улога во реализацијата на потенцијалот на земјата и на сите нејзини граѓани. Пријави можат да поднесат организации од Македонија, и тоа:
Покрај водечката организација, во пријавите можат да се вклучат и партнери. Освен погоре наведените категории организации, партнери можат да бидат и медиумите, синдикатите и организациите на работодавачи. Повикот се состои од Водич за апликантите и Образец за пријава со прилози.
Времетраењето на активностите од овој повик треба да биде најмалку 12, а најмногу 24 месеци. Големината на побараниот грант не треба да биде под 1.000.000 и над 1.800.000 денари. Расположливиот вкупен износ за овој повик е 25.000.000 денари. Организациите можат да поднесат само една пријава на овој повик. Краен рок за поднесување на пријавите е 20 мај 2015 г. до 16 часот, до кога треба да бидат примени сите пријави, вклучително и оние доставени лично, по курирска служба или по пошта. Пријавите се доставуваат на адреса: Цивика мобилитас Цивика мобилитас нема да ги прифати пријавите кои се поднесени по електронски пат. Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 10 мај 2015 г. Цивика мобилитас ќе одржи една информативна сесија за овој повик. Следете ја веб-страницата на Цивика мобилитас и информирајте се за евентуалните промени. Цивика мобилитас ги поттикнува апликантите редовно да ја следат веб и фејсбук страницата, за да бидат навремено и соодветно информирани за најновите прашања и одговори. Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ). |