Кампања за недискриминација - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Кампања за недискриминација - извршно резиме PDF Печати Е-пошта
Вторник, 30 декември 2008 14:17

Почнувајќи од 2007 година, која од страна на Европската комисијата беше назначена како „Европска година на еднакви можности за сите“, МЦМС работи на активности за недискриминација и придонес кон општата цел на Европската година „да ја зајакне свеста за вредностите на праведно, кохезивно општество, во кои има еднакви можности за сите“. Во држава како Македонија, каде правната заштита на многу групи сè уште не е осигурана, примерот на Европската година носи важна порака која треба да биде пренесена низ целата земја. Македонија нема развиено темелна анти-дискриминациска легислатива, но и однесу-вањето на луѓето е во голема мерка дискриминирачко.

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Полио плус – група за поддршка на луѓето со хендикеп и Центарот за човекови права и разрешување конфликти (ЦЧПРК), ги здружија силите за да го насочат вниманието на јавноста кон проблемот на дискриминацијата во земјата и да ги започнат неопходните промени во следниот период.

Општа цел на проектот е да создаде ефективна и функционална рамка за еднакви можности на сите луѓе во Македонија.

Цел на проектот е придонес кон зголемена јавна свест за толеранција, прифаќање на разликите и концептот за еднакви можности.

Целна група на проектот е јавноста во Република Македонија. Директни корисници се лицата кои се дискриминирани врз една или повеќе основи, меѓу кои: хендикеп, возраст, етничко или расно потекло, религија и уверувања, род и други основи.

Целно подрачје е Република Македонија. Повеќето од активностите ќе се водат на национално ниво, но одредени аспекти ќе бидат децентрализирани на локално ниво.

Очекувани резултати на проектот се:

  • Зајакната свест на општата популација.
  • Промовиран концепт на еднакви можности во општата јавност и во целни посебни групи (граѓански организации, училишта, медиуми).

За реализација на проектот се предвидени следните активности: градење на свеста со централна медиумска кампања (главно преку електронски медиуми), интернет дел и изготвување промотивни материјали.

а) За кампањата ќе бидат користени електронските медиуми, главно телевизија. За телевизијата ќе биде подготвен ТВ спот, кој ќе го носи логото на кампањата и главната порака. Тие ќе бидат емитувани во рамките на програмските шеми на националните медиуми (А1, Сител, Канал 5 и Алсат). Радиото ќе биде опфатено преку таканаречените радио форми (кратки интервјуа со припадници на дискриминирани групи). Радио формите ќе се емитуваат преку националните радија на доброволна основа (без надомест).

б) Во интернет делот, покрај постојаното ажурирање на веќе постоечката веб страна www.equal.org.mk со материјали и настани што се одвиваат во рамките на кампањата, главна активност ќе биде изработка на софтверска апликација за индивидуален мерач на дискри-минацијата (десктоп интерактивна алатка, која ќе комуницира со корисникот на дневна основа и автоматски ќе се ажурира, потсетувајќи го да не дискриминира).

в) Што се однесува до делот за промотивни материјали, ќе се изготват и дистрибу-ираат неколку форми: маички, беџови, календар, постери, банери и флаери. Во рамките на оваа група активности ќе се изготви и емитува документарен филм.

Периодот на спроведување е 10 декември 2008 г. – 31 март 2009 г.

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните резултати се:  координација на активностите со партнерите; соработка со другите актери.

Активностите од проектот и овој дел од програмата МБД ќе бидат промовирани на прес-конференција, а ќе има учество на претставници од партнерските организации во релевантни емисии на електронските медиуми. Подготвените дизајни во овој проект ќе служат и за промотивни и информативни активности во рамките на децентрализираните настани на програмата МБД.

Завршен извештај од проектот.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Кампања за недискриминација - извршно резиме