Раководење со канцеларијата на СГО 2006 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Раководење со канцеларијата на СГО 2006 PDF Печати Е-пошта
Вторник, 24 јуни 2008 10:50

Општа цел на проектот беше да се обезбеди поддршка на Владата за изработката и спроведувањето на кохерентна долгорочна политика и стратегија за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.

Цели на проектот беше ефективно раководење со програмската канцеларија и спроведување (координирање) на програмата   
Целна група беа Владата на Република Македонија, неколку министерства и органи на државната управа кои се занимаваат со граѓанскиот сектор, државните службеници во различни владини структури и граѓанското општество во Македонија како целина.

Директни корисници беа Генералниот секретаријат на Владата, Одделението за соработка со невладини организации и одговорните државни службеници за соработка со граѓанските организации при органите на државната управа.

МЦМС е дел од конзорциумот кој го спроведуваше проектот “Техничка поддршка на Одделението за граѓанско општество во Владата” поддржан од Европската агенција за реконструкција. Проектот беше одговор на заложбите на Владата на Република Македонија да ја развие соработката со граѓанското општество и да ја промовира заедничката одговорност на Владата и граѓанското општество во развојот на заедницата и општествениот прогрес. Овие напори за соработка и партнерство беа институционализирани преку формирањето на Одделението.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Раководење со канцеларијата на СГО 2006