Сител: Наспроти фактите - амбасадорите се правдаат - го почитуваме визното олеснување - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Сител: Наспроти фактите - амбасадорите се правдаат - го почитуваме визното олеснување PDF Печати Е-пошта
Среда, 15 октомври 2008 01:00

34db6f695cd04449a85e807a14f09c14За само 4 месеци заклучно до септември, на инфо линијата на МЦМС се обратиле 105 граѓани со поплаки дека визното олеснување амбасадите не го почитуваат.

Амбасадите некоректно се однесувале двојно повеќе кон мажите, отколку кон жените. Се жалеле студенти, невладини организации, туристички агенции, бизнисмени, а најчесто камионски транспортери, сите опфатени со визното олеснување.

Студентите изреволтирани денеска протестираа пред канцеларијата на Европскта комисија. На евроамбасадорот му доставија декларација во која бараат целосно укинување на визниот режим.

- На секоја поплака ние излегуваме во пресрет колку што можеме. Почитувањето на спогодбата е многу битно зашто таа е преодна фаза кон визната либерализација и јас верувам дека по укажаните неправилности, сите земји на Европската унија направија голем напредок - изјави Ерван Фуере.

Фуере убедува дека ЕУ земјите веќе извршиле притисок врз нивните амбасади да ја почитуваат спогодбата.

Францускиот амбасадор, пак, се правда. Франција ја почитува спогодбата, тоа се гледа и по зголемениот број барања за визи, изјави Валеро.

- Франција целосно ги почитува сите одредби од Спогодбата за визно олеснување. Наша крајна цел е целосно укинување на визите за македонските граѓани и ние сите го сакаме тоа - вели Бернард Валеро, амбасадор на Франција.

На врвот на листата на некоректни амбасади според податоците на МНР и понатаму се германскта, италијанската, чешката.

- Сакам да исклучам било каква дискриминаторска политика на Италија кон македонските граѓани, ако вие мислите дека истата постои. Колку што сум јас информиран во последните две години издавањето на визите во италијанската амбасада е зголемен за 37% - вели заменикот министер за надворешни работи на Итлија.

Минатата година Италијаните добиле 16.000 барања за визи. Но заменик министерот не кажа дека 10% од нив, или 1.600 македонски граѓани се одбиени. Уште поголем дел што согласно Спогодбата имаат право да бараат, добиле несоодветни визи.

Неодамна Мешовитиот Комитет при МНР ги повика конзулите со цел да им укаже дека Спогодбата недоследно се спроведува. Конзулите не само што биле лути што нивните амбасади јавно се прозвани, но сметаат дека поплаките биле субјективни.

Извор: Сител (15.10.2008)

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Сител: Наспроти фактите - амбасадорите се правдаат - го почитуваме визното олеснување