Вест: Ќе се обновуваат водоводот и резервоарот во селото Копаница - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вест: Ќе се обновуваат водоводот и резервоарот во селото Копаница PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 08 shtator 2004 01:00

Следната недела во селото Копаница во Општина Сарај ќе почне реконструкцијата на главната водоводна мрежа и на резервоарот за вода.

_saraj-2

Надлежните во Општината велат дека ќе извршат реконструкција на главниот цевковод со кој се поврзани на изворот Рашче, бидејќи во 1997 година, кога бил изграден, биле направени многу технички пропусти, поради кои не можеле да го приклучат ова село на градската водоводна мрежа.
Ферик Бељули, советник за односи со јавност во Општина Сарај, вели дека проектот за реконструкција на главниот водоводен вод и на резервоарот во селото Копаница ќе биде финансиран преку Македонскиот центар за меѓународна соработка МЦМС, за што веќе се одобрени еден милион денари. Изведувач на градежните работи ќе биде фирмата "Аква монт" и според планот, најдоцна за еден месец треба да протече вода во домовите на жителите од Копаница.
"Неодамна завршивме со изградбата на секундарната водоводна мрежа во Копаница, а беа направени и приклучоци до индивидуалните корисници. Но кога се обидовме да ја поврземе мрежата со главниот вод кон Рашче, се виде дека има многу технички недостатоци и водата не можеше да помине. Утврдено е дека и постојниот резервоар за вода е несоодветен и затоа решивме да извршиме реконструкција", вели Бељули. (Е.А.)

Извор: Вест (8.септември.2004)

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Вест: Ќе се обновуваат водоводот и резервоарот во селото Копаница