Вечер: Прва македонско-ромска едиција - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вечер: Прва македонско-ромска едиција PDF Печати Е-пошта
Вторник, 27 декември 2005 01:00

За успешно интегрирање на ромските ученици во училиштата, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, почна со реализација на проектот "Двојазични училишни материјали".

3339609320051226201604

За прв пат е изработена едиција на македонски и ромски јазик, која претставува дополнителна вредност во процесот на промоцијата на ромската култура и традиција, а со тоа и кон намалување на предрасудите и стереотипите за Ромите.
За подобро меѓусебно запознавање, учениците од училиштата каде бесплатно ќе се дистрибуираат примероците, ќе можат да научат нови приказни, да се запознаат со истакнати Роми во светот како што се познатиот актер Јул Бринер и џез музичарот Џанго Рајнхард.
МЦМС веќе петта година ја реализира Програмата "Перманентно образование за младите Роми" во 15 основни училишта од 11 градови во Македонија.
(М.Г.)

Извор: Вечер (27.декември.2005)

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Вечер: Прва македонско-ромска едиција