Вечер: Прва македонско-ромска едиција - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вечер: Прва македонско-ромска едиција PDF Print E-mail
Tuesday, 27 December 2005 01:00

За успешно интегрирање на ромските ученици во училиштата, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, почна со реализација на проектот "Двојазични училишни материјали".

3339609320051226201604

За прв пат е изработена едиција на македонски и ромски јазик, која претставува дополнителна вредност во процесот на промоцијата на ромската култура и традиција, а со тоа и кон намалување на предрасудите и стереотипите за Ромите.
За подобро меѓусебно запознавање, учениците од училиштата каде бесплатно ќе се дистрибуираат примероците, ќе можат да научат нови приказни, да се запознаат со истакнати Роми во светот како што се познатиот актер Јул Бринер и џез музичарот Џанго Рајнхард.
МЦМС веќе петта година ја реализира Програмата "Перманентно образование за младите Роми" во 15 основни училишта од 11 градови во Македонија.
(М.Г.)

Извор: Вечер (27.декември.2005)

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Вечер: Прва македонско-ромска едиција