Утрински весник: Новинарските текстови ќе бидат ставени на суд на јавноста - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Утрински весник: Новинарските текстови ќе бидат ставени на суд на јавноста PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 16 октомври 2006 01:00

Настаните и темите кои новинарите ги третираат на различен начин, во наредниот период ќе бидат изложени на суд на јавноста, со цел таа да донесе свои заклучоци и ставови во врска со објективноста на медиумите и нивното информирање и гледање на случувањата.

6435

Ова, на читателите ќе им го овозможи заедничката страница "Меѓутоа", која е дел од проектот "Страници на меѓусебно разбирање", а вчера прв пат беше објавена во четирите дневни весници: "Утрински", "Дневник", "Факти", "Вечер" и неделникот "Лоби". "Меѓутоа" ќе излегува сў до април 2005 година, до кога би требало да излезат вкупно 100 страници со веќе објавени новинарски текстови од областа на меѓуетничките односи. Текстовите ќе ги избира уредувачкиот одбор, составен од претставници од петте медиуми. Проектот, финансиски е поддржан од Европската агенција за реконструкција, но и од Македонскиот центар за меѓународна соработка, Здружението на новинари на Македонија, Македонската информативна агенција и петте весници кои ќе ги објавуваат "Страниците на меѓусебно разбирање".

Главната цел на проектот, како што беше истакнато на вчерашната прес-конференција, е подобрување на јавното информирање за меѓуетничките односи во државава и да се влијае врз медиумите, со цел да се постигне пообјективно информирање. Еднаш, во период од три месеци ќе се организираат трибини на кои новинарите ќе можат да ги разменуваат своите мислења за напишаните текстови и објективноста во информирањето.

-ЗНМ нема да се меша ниту во уредувачката политика, ниту во пишувањето на новинарите. Нас не ни е целта да создадеме унифицирани текстови, туку да согледаме колку можеме да бидеме различни, односно слични, рече Снежана Лупевска, која настапи како претставник на ЗНМ.

Гонца Јаковлеска, претставник за односи со јавноста на МЦМС најави дека во текот на проектот ќе бидат спроведени четири истражувања кај читателите, со цел да се види ефектот од објавување на "заедничките страници" во медиумите.

Проектот позитивно го оцени и Јута Булинг, програм-менаџер во Европската агенција за реконструкција. Таа рече дека проектот е дел од пошироката програма за демократијата и владеењето на правото, која тие ја поддржуваат. Булинг изрази надеж дека со проектот ќе се надминат меѓусебните негативни перцепции и стравови на етникумите. (Ж.Ѓ.)

Извор: Утрински весник (16.октомври.2006)

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Утрински весник: Новинарските текстови ќе бидат ставени на суд на јавноста