Дневник: Невладините бараат ДПА да се извини |
Четврток, 17 мај 2007 01:00 | |||
Осум граѓански асоцијации, меѓу кои МЦМС, Првата детска амбасада во светот - Меѓаши, Полио Плус и Институтот „Отворено општество“ вчера го поддржаа новинарот Исо Руси и неговото право на слобода на изразување. ДПА го нападна Руси поради неговата колумна во весникот „Коха“. - Бараме ДПА да се извини, а Владата да го осуди загрозувањето на слободата на изразувањето и да преземе мерки за заштита на безбедноста и животот на новинарот и граѓанинот Исо Руси - се вели во нивното соопштение. Извор: Дневник(17.Мај.2007)
|