Дневник: Невладините бараат ДПА да се извини - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дневник: Невладините бараат ДПА да се извини PDF Print E-mail
Thursday, 17 May 2007 01:00

Осум граѓански асоцијации, меѓу кои МЦМС, Првата детска амбасада во светот - Меѓаши, Полио Плус и Институтот „Отворено општество“ вчера го поддржаа новинарот Исо Руси и неговото право на слобода на изразување. ДПА го нападна Руси поради неговата колумна во весникот „Коха“.

- Бараме ДПА да се извини, а Владата да го осуди загрозувањето на слободата на изразувањето и да преземе мерки за заштита на безбедноста и животот на новинарот и граѓанинот Исо Руси - се вели во нивното соопштение.

И Хелсиншкиот комитет за човекови права изрази загриженост за „манифестацијата на фашизоидни ставови и за примената на радикален говор на омразата во соопштението на ДПА“.

- Нарекувајќи ги овие лица биолошки хибриди или копилиња, владејачката ДПА експлицитно се легитимира како политички субјект кој промовира национална исклучивост и дискриминација, со што сериозно ги загрозува универзалните загарантирани права на граѓаните на Македонија од мешани етнички бракови - велат во ХК.

Комитет ја повика Владата најостро да им се спротивстави на ваквите ставови.

Извор: Дневник(17.Мај.2007)

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Дневник: Невладините бараат ДПА да се извини