Долг пат до поголем граѓански ангажман - Аналитички извештај - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Долг пат до поголем граѓански ангажман - Аналитички извештај PDF Печати Е-пошта
Четврток, 28 јули 2011 00:00

Автори: Сашо Клековски, Даниела Стојанова, Гонце Јаковлеска, Емина Нурединоскa
Дата: 2011 година
ISBN: 978-608-4617-13-6
PDF: dolg-pat-do-pogolem-graganski-angazman-analiticki-izvestaj.pdf
 
igo-analiticki-izvestaj

Овој национален аналитички извештај е еден од главните резултати на процесот на спроведување Цивикус - Индексот на граѓанското општество во Македонија и ги презентира најважните елементи од спроведеното истражување, вклучувајќи ги резимињата на јаките и слабите страни на граѓанското општество, како и препораките за зајакнување на улогата на граѓанското општество во земјата.

Индексот на граѓанското општество (ИГО) е истражувачки проект кој ја проценува состојбата на граѓанското општество во земјите низ светот. Проектот истовремено се спроведува во над 40 земји, а го координира меѓународната мрежа на граѓанско општество Цивикус - Светска алијанса за граѓанско учество. Целите на проектот, формулирани од Цивикус, се да се зајакне одржливоста на граѓанското општество и да се промовира и зајакне неговиот придонес кон позитивните општествени промени. Во Македонија, ИГО по втор пат го координира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

ИГО вклучува 66 показатели, кои се групирани во 28 поддимензии. Тие потоа се консолидираат во пет основни димензии на граѓанското општество: Граѓански ангажман; Ниво на организација; Практикување вредности; Перцепција на влијанието; и Надворешна околина. Во Македонија, овие показатели на граѓанското општество се истражуваа со користење сеопфатно примарно и секундарно истражување, вклучувајќи: анкети на населението, анкета со граѓанските организации и интервјуа со претставници на другите сектори, регионални фокус-групи, преглед на литература и прикази на случај.

Аналитичкиот извештај е проследен со Резиме и препораки за идни политики, каде се пренесени клучните препораки за понатамошното јакнење на граѓанското општество.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Долг пат до поголем граѓански ангажман - Аналитички извештај