Македонија без дискриминација - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонија без дискриминација PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 13 октомври 2008 15:05

mbdВо рамките на програмата спроведувана во партнерство со Полио плус, ЦЧПРК и МТСП, беа одобрени проектите „Градење на капацитетите за недискриминација“, „Барометар за еднакви можности“ и „Подготовка на нов модел за заштита од недискриминација“.

Преку проектот „Градење на капацитетите за недискриминација“ беа планирани и реализирани една студиска посета и четири обуки за недискриминација. Првата активност која што беше спроведена во рамките на овој проект беше студиската посета на Агенцијата за фундаментални права на Европската унија (ФРА) во април во Виена, Австрија. Вкупно 10 учесници, претставници на владиниот и граѓанскиот сектор имаа можност да ги посетат релевантните државни институции во Австрија, како и граѓанските организации кои работат во областа на заштитата од дискриминација.

Втората активност која што беше спроведена во рамките на проектот беше обуката за обучувачи за недискриминација.

Обуката е реализирана во мај 2009 г. и беше наменета за активисти на граѓанските организации и претставници на релевантни органи на државната управа, кои што работат во областа на заштита на човековите права и недискриминацијата мотивирани во иднина да го пренесат нивното знаење на други заинтересирани страни. На обуката учествуваа вкупно осум претставници на ГО и еден претставник од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

МЦМС беше активно вклучен во подобрувањето на правната рамка за недискриминација

Во јули 2009 г. во Центарот за социјална работа „Даре Џамбаз“ беше организирана основна обука за недискриминација. Учесници на обуката беа 26 координатори за еднакви можности од речиси сите министерства, како и претставници од центрите за социјална работа од Скопје во рамките на Министерството за труд и социјална политика.

Последните две обуки за недискриминација беа реализирани кон крајот на октомври 2009 г. за претставниците на Министерството за внатрешни работи (МВР). На овие обуки учествуваа 32 претставници од Бирото на безбедност и раководни лица при МВР.
Обуките ги организираше МЦМС, а ги испорачаа надворешни соработници од земјата и странство.

Последната активност која што беше спроведена од проектот беше реиздавање на Прирачникот за недискриминација кон крајот на октомври 2009 г. Прирачникот за недискриминација беше дистрибуиран до релевантните институции чиј што фокус е недискриминацијата.

Во рамките на вториот проект „Барометар за еднакви можности“ во април 2009 г. На примерок од 1.606 испитаници, беше спроведено истражувањето за перцепциите, ставовите, свесноста за дискриминацијата и нееднаквоста во Македонија. Истражувањето се базира на речиси истата методологијата на претходно спроведеното истражување на Европската комисија за земјите од ЕУ. Публикацијата е издадена во 500 примероци на македонски јазик, со превод на англиски и албански јазик, а беше промовирана во септември 2009 г. На промоцијата учествуваа околу 40 претставници на медиумите, институциите, ГО и др. Исто така истражувањето беше објавени и на ЦД на македонски, албански и англиски јазик. Барометарот за еднакви можности беше дистрибуиран до релевантните институции.

Во рамките на третиот проект „Подготовка на нов модел за заштита од недискриминација“ во ноември 2009 г. беше одржана Основна обука за недискриминација за 15 претставници од Министерството за труд и социјална политика (МТСП). На обуката учествуваа претставници од Центрите за социјална работа од осум града, како и претставници од министерството. Покрај оваа активност, во рамките на проектот беше подготвена и Анализа на стандарди и примери на добра пракса во развојот на антидискриминаторската легислатива. Планирано е овој проект да биде комплетиран до средината на идната година.

На 16 јуни 2009 г. се одржа основачкото собрание на Сојузот Македонија без дискриминација, кој функционираше како неформален сојуз од март 2008 г. Основачи на Сојузот се 11 граѓански организации. На седницата беше избран составот на првиот мандат на Собранието на МБД, членовите на УО, беа усвоени Статутот и програмата за работа, а неколку дена подоцна беше одржана седница на УО на Сојузот. Сојузот МБД беше активен во текот на целиот период поканувајќи ги претседателските кандидати на јавна дебата со цел да го дадат своето мислење за креирањето на ефективна законска рамка за недискриминација и формирањето на независно тело за заштита на човековите права, како и упатувајќи реакции во однос на насилното попречување на одржувањето мирен собир на 28 март 2009 г. на плоштадот Македонија.

Во извештајниот период сојузот Македонија без дискриминација се фокусираше на формулацијата на Законот за недискриминација, давајќи свои коментари и предлози до работната група за формулација на Законот. Законот сè уште не е донесен, но предлозите на сојузот МБД во однос на работната верзија на законот се земени предвид. Во овој период беше подготвен Стратешкиот план на сојузот Македонија без дискриминација 2010 - 2012.

Во рамките на договорот за испорака на услуги за градење на капацитетите со ОБСЕ, а како продолжение на активностите за јакнење на капацитетите на Народниот правобранител, МЦМС ја фасилитираше конференцијата за промоција на Националниот модел за превенција од тортура, како и уште три тематски работилници за вклучените страни (на пр. полиција, психијатриски институции и сл.).

Извршно резиме од програмата.

Тековни проекти:

 

Завршени проекти:

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Македонија без дискриминација