Профилот на мојот пратеник [медиуми] - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Профилот на мојот пратеник [медиуми] PDF Печати Е-пошта
Четврток, 28 април 2011 10:03

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), започнуваат низа на заеднички активности за Изборите 2011. Во продолжение се објавите во медиумите од првата организирана трибина.

НАРОДОТ НЕ САКА ПРАТЕНИЦИ НА ПАРТИСКИ СИНЏИР

Да бидат чесни, одговорни и вредни, да имаат самостојна дејност, со добра партиска програма, повеќе жени и млади меѓу нив и пред изборите да се знае дали ќе остане во парламентот или ќе замине на друга функција.

Извор: Дневник

НЕ МОЖЕ СЕКОЈ ДА БИДЕ ПРАТЕНИК

Граѓаните сакаат чесен пратеник (по можност жена), кој по професија би бил лекар, адвокат, економист или архитект. Вака приближно изгледа идеалниот народен избраник во очите на испитаниците што биле опфатени со телефонската анкета презентирана на вчерашната трибина на тема „Профилот на мојот пратеник", организирана од Македонскиот центар за меѓународна соработка, Институтот за демократија и Македонскиот институт за медиуми.

Извор: Утрински весник

Баравме многу, добивме од се по малку

Кандидатските листи по изборни единици, кои од вчера се познати, веднаш станаа предмет на стручни анализи и на пријателски коментари по повеќе критериуми. „Нова Македонија“ ги прегледа листите низ призмата на неодамна објавените резултати од анкетата „Мојот пратеник“, во која граѓаните се изјаснија како го замислуваат најпосакуваниот профил во новиот парламент.

Нова Македонија

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ИЗБОРНА ПРОГРАМА, ЖЕНИ И МЛАДИ ПРАТЕНИЦИ

Граѓаните сакаат чесни, трудољубиви и одговорни пратеници. Тие ги избираат парламентарците врз основа на квалитетот на изборната програма која ја нуди нивната партија. Гласачите, исто така, гласаат за партиите чии симпатизери се и не обрнуваат внимание на кандидатските листи.

Извор: Вечер

ГРАЃАНИТЕ САКААТ ЧЕСНИ, ТРУДОЉУБИВИ И ОДГОВОРНИ ПРАТЕНИЦИ

Во пресрет на предвремените парламентарни избори кои што треба да се одржат на 5 јуни, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Институтот за демократија и Македонскиот институт за медиуми спроведоа анкета „Профилот на мојот пратеник" на 400 испитаници, која ги става под лупа пратениците и ги покажува очекувањата на граѓаните од нив.

Извор: Форум

ТРИБИНА НА ТЕМА „ПРОФИЛОТ НА МОЈОТ ПРАТЕНИК"

Македонскиот центар за меѓународна соработка, Институтот за демократија и Македонскиот институт за медиуми организираат трибина „Профилот на мојот пратеник", на која учесниците ќе дебатираат за наодите од спроведена анкета што ќе бидат презентирани на настанот.

Извор: МТВ

ГРАЃАНИТЕ САКААТ ЧЕСНИ, ТРУДОЉУБИВИ И ОДГОВОРНИ ПРАТЕНИЦИ

Чесноста, трудољубивоста и одговорноста се трите најзначајни вредности кои што граѓаните сметаат дека треба да ги поседува еден пратеник.

Извор: МТВ

ГРАЃАНИТЕ САКААТ ЧЕСЕН И УЧЕН ПРАТЕНИК

Чесен, вреден, одговорен и учен. Ваков пратеник сакаат граѓаните. На телефонската анкета, на МИМ, МЦМС и Институтот за демократија „Профилот на мојот пратеник" спроведена врз 400 испитаници доминираат овие карактеристики.

Извор: Канал 5

МОЖЕ ЛИ СЕКОЈ ДА БИДЕ ПРАТЕНИК? КАЈ НАС МОЖЕ!

Ниту образованието, ниту политичкото искуство, ниту пак годините се пресудни за влез во парламентот. Во Македонија буквално секој може да стане пратеник, само со поддршка од политичка партија. Граѓаните очекуваат конечно да се промени оваа слика на македонскиот парламент.

Извор: Телма

ИСТРАЖУВАЊЕ НА МЦМС: КАКОВ ТРЕБА ДА БИДЕ ПРАТЕНИКОТ

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), направија истражување на јавното мислење за тоа каков треба да биде пратеникот за кој граѓаните би го дале својот глас.

Извор: Сител

ТРИБИНА НА ТЕМА „ПРОФИЛОТ НА МОЈОТ ПРАТЕНИК"

Македонскиот центар за меѓународна соработка, Институтот за демократија и Македонскиот институт за медиуми организираат трибина „Профилот на мојот пратеник", на која учесниците ќе дебатираат за наодите од спроведена анкета што ќе бидат презентирани на настанот.

Извор: МИА

ГРАЃАНИТЕ САКААТ ЧЕСНИ, ТРУДОЉУБИВИ И ОДГОВОРНИ ПРАТЕНИЦИ

Чесноста, трудољубивоста и одговорноста се трите најзначајни вредности кои што граѓаните сметаат дека треба да ги поседува еден пратеник.

Извор: Макфакс

ДЕБАТА ПОСВЕТЕНА НА „ПРОФИЛОТ НА МОЈОТ ПРАТЕНИК"

Денес ќе се одржи трибина на тема „Профилот на мојот пратеник", во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка, Институтот за демократија и Македонскиот институт за медиуми.

Извор: Курир

КАРАКАМИШЕВА: НЕ МОЖЕ СЕКОЈ ДА БИДЕ ПРАТЕНИК

Универзитетската професорка Тања Каракамишева на денешната дебата организирана од Македонскиот центар за меѓународна соработка, Институтот за демократија и Македонскиот институт за медиуми, побара да се одредат условите кој може да биде пратеник во Република Македонија.

Извор: Курир

ЧЕСНИ И ОДГОВОРНИ ПРАТЕНИЦИ БАРААТ ГРАЃАНИТЕ

Чесноста, трудољубивоста и одговорноста се трите најзначајни вредности кои што граѓаните сметаат дека треба да ги поседува еден пратеник, да биде професионалец во својата работа, адвикат, архитект, економист, бизнисмен...

Извор: Журнал

ГРАЃАНИТЕ САКААТ ЧЕСНИ, ТРУДОЉУБИВИ И ОДГОВОРНИ ПРАТЕНИЦИ

Во пресрет на предвремените парламентарни избори кои што треба да се одржат на 5 јуни, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Институтот за демократија и Македонскиот институт за медиуми спроведоа анкета „Профилот на мојот пратеник" на 400 испитаници, која ги става под лупа пратениците и ги покажува очекувањата на граѓаните од нив.

Извор: Точка

ГРАЃАНИТЕ САКААТ ЧЕСНИ, ТРУДОЉУБИВИ И ОДГОВОРНИ ПРАТЕНИЦИ

Чесноста, трудољубивоста и одговорноста се трите најзначајни вредности кои што граѓаните сметаат дека треба да ги поседува еден пратеник.

Извор: Оhridnews

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Профилот на мојот пратеник [медиуми]