Студија за социјалниот и граѓанскиот дијалог во Западен Балкан |
Вторник, 01 Февруари 2011 00:00 | |||
Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) соработува со организациите на граѓанското општество во земјите од целиот Западен Балкан и промовира основање и/или зајакнување на економски и социјален совет (ЕСС) и слични институции во регионот. МЦМС учествува и ги поддржува и домашните и меѓународните тела кои го одразуваат граѓанскиот и социјалниот дијалог, вклучително и ЕЕСК. Соработката се остварува преку анализи на состојби, учество на настани, а од 2007 г. МЦМС членува и во Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК) за граѓанско општество на Европската Унија (ЕУ) со РМ. За МЦМС од посебен интерес е градењето на социјалниот и на граѓанскиот дијалог во Македонија, но и Балканот. Општа цел на проектот беше овозможувачка околина за ефективно функционирање на граѓанските организации. Цел на проектот беше подобрена соработка помеѓу граѓанските организации за прашања од заеднички интерес. Целна група на проектот беа економските и социјалните совети и другите релевантни институции и платформи за социјален и граѓански дијалог. Директни корисници беа граѓанските организации и нивните мрежи. Целното подрачје беа земјите од Западен Балкан, а локацијата на спроведување на проектот беше Скопје. Дел од активностите се спроведуваа во главните градови на земјите од целното подрачје. Постигнатите резултати од проектот беа: Детална анализа за постоењето и функционирањето на телата за социјален и граѓански дијалог во Западен Балкан; Проценето влијание на телата за социјален и граѓански дијалог врз донесувањето одлуки на национално ниво; Дефинирани заклучоци и препораки за структуриран и подобрен социјален и граѓански дијалог. Проектот се спроведе преку следните активности:
Националните експерти ги ревидираа извештаите и испратија втора верзија во првата половина јуни 2011 г., која беше коментирана и од ЕЕСК. Извештаите беа поголеми од бараниот обем (10 страници) што го отежни резимирањето и споредувањето на регионално ниво. Заради тоа се вклучи дополнителен регионален експерт. Исто така, експертите и МЦМС испорачаа повеќе од побараното во понудата на ЕЕСК, односно и посебни национални извештаи и регионална студија. Регионалната студијата навремено беше подготвена врз основа на националните извештаи. Таа се состои од пет дела: (1) Вовед, кој се однесува на ЕЕСК, економските и социјални институции во регионот и на методологијата; (2) Социјален и граѓански дијалог, каде е презентирана состојбата со социјалниот и граѓански дијалог, како и функционирањето на релевантни тела во секоја земја посебно; поголеми настани кои влијаат на социјалниот и граѓански дијалог (3) Јаки и слаби страни, дел кој се заснова на наодите од интервјуата и анкетите за мислењето за работата на ЕСС и перцепцијата за нивното влијание на политиките; (4) Заклучоци и препораки, каде се дадени насоки за понатамошно зајакнување на ЕСС и социјалниот и граѓанскиот дијалог; и (5) Прилози. Сите делови се составени од регионален преглед проследен со резиме на извештаите по одделни земји. Националните извештаи и регионалната студија беа прифатени од страна на ЕЕСК без забелешки. Периодот на спроведување беше од 15 ноември 2010 г. до 10 декември 2011 г. Директните трошоци изнесуваа 787.335,50 денари.
|