Меѓуверски календари
Во соработка со петте верски заедници во 2004 година за првпат во Македонија беа издадени меѓуверски календари. Календарите ги содржеа најзначајните празници, постови и комеморативни денови на верските заедници во РМ. Позитивните искуства од 2004 година беа поттик за издавање на овој вид на календари  и во 2006 и 2007 година, а истата активност ќе биде изведена и во 2008 година.

Преку календарите општата јавност има можност да се запознае со православните, исламските, католичките, еврејските и протестантските празници, нивните значења и начин на празнување. Календарите се дистрибуираат до општата јавност, верските заедници, владини, граѓански и стран­ски организации, универзитети и медиуми.


Верски календар 2004 - постер
Верски календар 2004 - џебен
Верски календар 2004 - мал / верски објекти
Верски календар 2004 - природа
Верски календар 2006 - џебен
Верски календар 2006 - постер
Верски календар 2006 - голем
Верски календар 2006 - мал
Верски календар 2007 - голем
Верски календар 2007 - мал