Обуки за РПЦ и ИР/ОЈ
Целта на обуките за Раководење со проектен циклус (РПЦ) и Институционален развој и организациско јакнење (ИР/ОЈ) беше јакнење на капацитетите на црквите и верските заедници во Македонија за социјално-хуманитарни работи.

Обуките беа наменети за членови, активисти и волонтери вклучени во активностите на социјално-хуманитарни здруженија, служби и организации кои работат во рамките на црквите и верските заедници.

Раководење со проектен циклус (РПЦ) беше правата обука која се спроведе. Таа се одржа во периодот од 30 мај до 02 јуни 2004 година, а учество земаа 16 слушатели (членови и активисти на верските заедници).
Покрај РПЦ обуката во периодот од 28 - 30.09.2004 година во Скопје се одржа и обуката за Инститиуционален развој и ораганизациско јакнење (ИР/ОЈ) на црквите и верските заедници. На обуката учество земаа 11 претставници од теолошките факултети, црквите и верските заедници (Факултетот за исламски науки, Евангелско-методистичката црква, Слово на надеж, Ваишнавска верска заедница), како и два учесника од Комисијата за односи со верските заедници и еден учесник од МЦМС.
 

Галерија:
 


Кратенки:
МЦМС – Македонски центар за меѓународна соработка
МПЦ – Македонска православна црква
ПБФ – Православен богословски факултет
ИВЗ – Исламска верска заедница
ФИН – Факултет за исламски науки
КЦ - Католичка црква
ЕМЦ – Евангелско-методистичка црква
ЕЗРМ – Еврејска заедница во Република Македонија