Размена на предавања
Со цел студентите од Православниот богословски факултет и Факултетот за исламски науки подобро да се запознаат со
другите религии (покрај својата), беа реализирани разменски предавања. На овие предавања професори од Исламскиот факултет предаваа на Православниот учејќи ги и подучувајќи ги за основните карактеристики на исламот и обратно (професори од Православниот го посетуваа Исламскиот факултет).


Покрај изворните предавања за православието и исламот, на двата факултета беа спроведени и предавања и за католицизмот, протестантизмот и јудаизмот од соодветни предавачи.
Од 2003 до 2007 година реализирани се вкупно 26 разменски предавања на факултетите и околку 590 студенти учествуваа на предавањата.

Предавањата беа прифатени со голем интерес од страна на студентите кои дискутираа и поставуваа прашања поврзани со темите. Заради интересот повеќето предавања наместо 45 минути, траеа по 2 часа. Интересот на студентите за предавањата беше следен преку прашалници. Тие истакнаа дека постои интерес за ваков вид на предавања кај студентите, затоа што се во можност подобро да се запознаат и информираат за религиите.

Галерија:
 


Кратенки:
МЦМС – Македонски центар за меѓународна соработка
МПЦ – Македонска православна црква
ПБФ – Православен богословски факултет
ИВЗ – Исламска верска заедница
ФИН – Факултет за исламски науки
КЦ - Католичка црква
ЕМЦ – Евангелско-методистичка црква
ЕЗРМ – Еврејска заедница во Република Македонија