Семинари и работилници
Со овој проект, финансиски се поддржа одржувањето на една тркалезна маса под наслов “Состојбата и перспективите на верскиот образовен систем во рамките на Исламската верска заедница”. Одржувањето на тркалезната маса беше под покровителство на Исламската верска заедница на Република Македонија, а во организација на Факултетот за исламски науки - Скопје.

Тркалезната маса се одржа на ден 17.05.2004 година во хотел “Холидеј Ин” Скопје. На собирот учествуваа верски работници и интелектуалци од Македонија, Албанија и Косово кои со своите трудови дадоа придонес кон разгледувањето на дадената тема и понудија идеи за потребните реформи во верскиот образовен систем.

По иницијатива на Евангелско-методистичката црква (ЕМЦ),  од 03 до 05 април 2006 година во хотелот Сириус, Струмица, се одржа Меѓурелигиска конференција на темата: Како меѓусебно се однесуваат религиите во новонастанатиот плуралистички свет? Учество на конференцијата земаа претставници од: Македонската православна црква (вклучително и од Богословскиот факултет од Скопје), Исламската верска заедница (и Факултетот за исламски науки), Католичката црква и Евангелиско-методистичката црква. На конференцијата имаше 30 учесника.