Програмата Меѓурелигиска
соработка во Македонија
започна во 2003 година, како
иницијатива на Македонскиот
центар за меѓународна
соработка (МЦМС), а во
соработка со верските
заедници во Македонија.
Целта на програмата е да се
зголеми меѓусебното
разбирање меѓу верските
заедници и разбирањето за
нив кај Македонската јавност
воопшто.
Целна група е целокупната
јавност во Македонија.
Конкретна целна група се
членовите и активисти на
верските заедници во
Македонија, со фокус на
студентите (и професорите)
на образовните институции
(теолошки факултети и
делумно средните училишта)
на верските заедници.
Соработката, дијалогот и
разбирањето помеѓу верските
заедници се неопходни
компоненти при градењето на
едно здраво демократско
општество. Членовите на
верските заедници,
свештениците можат да играат
значајна улога во
промоцијата на мирот и
почитувањето на разликите,
особено затоа што овие
вредности треба да ги
поседуваат и да ги
пренесуваат на нивните
верници.
Програмата е насочена најмногу кон студентите на Православниот богословски факултет и Факултетот за исламски науки, кои како идни свештеници би требало да ги осознаат и другите религии, да ги негуваат релациите со свештениците од другите религии и да ги претставуваат дијалогот и соживотот помеѓу граѓаните со различно етничко и верско потекло како еднинствениот начин за едно одржливо и конструктивно општество.
Со цел да се постигнат овие резултати беа креирани неколку проекти (размена на предавања, посети на теолошките факултети и верски објекти, обуки за основни вештини, меѓуверски летни кампови, посети на позитивни примери и техничка поддршка на теолошките факултети, локални средби и дебати, меѓуверски календар и фонд за иницијативи на верските заедници, билтен за меѓурелигиска соработка, инфо и дијалог центар, компаративни студии и адресар на верските заедници).
Преку проектите се настојуваше да се развие образовната, културната и информативната компонента кај целната група. Покрај студентите на двата теолошки факултети во активностите од програмата учествуваа и другите верски заедници кои немаат образовни институции во државата Католичката црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската заедница, а во дел од активностите беа вклучувани и помалите верски заедници.
Меѓурелигиска соработка во
Македонија
е
уникатна
програма
која
во своето четиригодишно
постоење успеа да изгради
мостови на добра воља и
соработка помеѓу
православните, исламските,
католичките, еврејските и
протестантските свештеници,
студенти и членови на
верските заедници во
Македонија.
Со поддршка на МЦМС
програмата е планирана да се
спроведува до јули 2008
година, додека по овој
период се очекува дека
верските заедници самостојно
да продолжат со соработката
и реализацијата на дел од
активностите.
Програмата е подржана од
данската и норвешката влада,
во соработка со
Данската
црковна помош (ДЦА) и
Норвешката црковна помош
(НЦА). |