ВИЗИЈА И МИСИЈА
Македонскиот центар за меѓународна соработка  (МЦМС) е организација на граѓанското општество што верува во мир, хармонија и просперитет на Македонија и Балканот, интегрирани во евроатланските институции и меѓународната заедница, засновани на (универзални) принципите на граѓанско општество и партиципативна демократија, владеење на правото, рамномерен социоекономски развој, ненасилство, меѓузависност и културна разновидност.

МЦМС се стреми да поттикнува и предводи промени за решавање на општествените предизвици со иновации и воспоставување алтернативни модели вклучувајќи ги во главните текови.

Во својата работа, МЦМС ќе се води од принципите на партиципација, транспарентност и одговорност, партнерство, толеранција, претприемништво, одржливост и еднаков пристап.

ДОЛГОРОЧНИ ЦЕЛИ
Долгорочни цели на МЦМС се:
- рамномерен и одржлив економски развој кој води во социјална кохезија и намалување на сиромаштијата преку рурален и регионален развој, вработување, претприемништво, образование и пристап до јавни сервиси;
- диверзифицирано и вкоренето граѓанско општество кое промовира вклученост на голем број интересни групи кои влијаат на главните текови на општественото живеење;
- праведно и демократско општество засновано на принципите на добро владеење, децентрализиран систем на управување и висок степен на доверба;
- прифатена културна разновидност, меѓузависност и дијалог одразени во сите сфери на јавниот живот;
- воспоставени партнерства за развој и зајакнат социјален капитал.

МЕТОДИ
МЦМС активностите ги остварува преку:
- застапување (истражувања, информирање, градење свест, едукација; креирање и влијание врз политики; следење и барање одговорност);
- развој на капацитетите (обуки, совети, проценки на потребите и капацитетите; оценки на програми и организации);
- кофинансирање (вклучувајќи и раководење други организации и мрежи);

ЦЕЛИ
Поаѓајќи од својата визија, мисија и долгорочни цели, МЦМС во текот на 2007 година ќе работи на постигнување на следните резултати:
- поттикнат локален развој;
- подобрена образовна структура;
- поддржани можности за вработување и развој на ММП;
- придонес кон развојот на граѓанското општество;
- зајакната одговорност;
- зајакнати дијалог и толеранција;
- зголемен социјален капитал.

Повеќе информации можете да најдете на:
www.mcms.org.mk
www.graganskisvet.org.mk