Инфо канцеларија и дијалог центар
На 01.07.2004 година беше отворен Меѓуверскиот инфо и дијалог центар. Инфо центарот беше наменет за општата јавност бидејќи во него верските заедници донираа свои книги со цел да ги запознаат граѓаните со сопствените учења.

Во центарот беа вработени и теолози по две лица со половина работно време, како и по еден претставник од петте верски заедници за работа по еден ден во текот на неделата. Вработените имаа за задача на заинтересираните посетители да им  објаснат повеќе за сопствената вера и за изложените публикации во центарот. Покрај давањето на информации на граѓаните Инфо канцеларијата претставуваше добар пример дека идните теолози од различни религии можат да соработуваат и меѓусебно да се почитуваат.

Освен публикациите во Инфо канцеларијата и дијалог цетарот беа одржани и две седници на Организацискиот одбор за настанот Денови на верските заедници, а беа одржани и две дебати на специфични теолошки прашања.

Канцеларијата беше посетена од 56 посетители. Во инфо канцеларијата се одржаа два форум настана, а беа одржани и две седници на Организацискиот одбор за Деновите на верските заедници.  Инфо центарот беше отворен само една година, бидејќи во моментов се бара подолготрајно решение за него, неговото повторно отварање е одложено.

Галерија: