Јакнење на теолошките факултети
На двата факултети (Богословскиот факултет и Факултетот за исламски науки) беше опремена по една канцеларија со потребната опрема и материјали, а беше обезбеден и интернет пристап. Целта на функционирањето на канцелариите на двата теолошки факултети беше полесно спроведување на програмата за Меѓурелигиска соработка во Македонија.  

Заради полесна координација и спроведување на програмата и активностите кои произлегуваат од неа, во канцелариите на двата теолошки факултета се вработија два Соработника на проекти. Соработниците се задолжени за планирање на заедничките активности, како и за редовно информирање и известување на студентите за активностите кои се планираат во рамките на програмата. Покрај за активностите кои се спроведуваат во рамките на програмата, канцелариите се отворени и за потребите на студентите, кои најчесто ги користат интернет услугите. Поддршката од овој тип на двата теолошки факултети сеуште трае.

Заради полесна координација и следење на прогресот на програмските активности во МЦМС беше вработен е соработник на цело работно време.

Галерија:
 

Кратенки:
МЦМС – Македонски центар за меѓународна соработка
МПЦ – Македонска православна црква
ПБФ – Православен богословски факултет
ИВЗ – Исламска верска заедница
ФИН – Факултет за исламски науки
КЦ - Католичка црква
ЕМЦ – Евангелско-методистичка црква
ЕЗРМ – Еврејска заедница во Република Македонија