Посети на теолошки училишта
Со овој проект беа предвидени меѓусебни посети на теолошките факултети (Православниот богословски факултет и Факултетот за исламски науки) од страна на студентите.  Меѓусебните посети беа со цел студентите да се запознаат со образовните институции (библиотека, училниците наставните планови), но и да се запознаат со студентите и професорите на факултетот кој се посетува. Среќавањето беше значајно од аспект дека  студентите ќе се запознаат со нивните колеги теолози, ќе воспостават меѓусебни контакти и ќе ја зголемат меѓусебната соработка.

Од 2003 до 2007 година беа реализирани вкупно 8 вакви посети со повеќе од 160 студенти.

Интересот на студентите за посетите беше следен преку прашалници. Нивните впечатоци беа дека посетите се корисни.

Една од констатациите на еден студент кој учествувал на една од посетите беше изразена со следните зборови: Убаво е тоа што две толку различни вери бараат клуч да ја отворат портата кон заеднички соживот.

Друг ученик од Средното богословско училиште посетувајќи го Средното исламско училиште и Факултетот за исламски науки истакна: Бев изненаден кога кажаа дека го изучуваат и македонскиот јазик, прекрасните услови кои ги имаат и предметите кои ги изучуваат. Нареден студент на Богословскиот факултет посетувајќи го Факултетот за исламски науки рече: Моите впечатоци се позитивни затоа што видов дека имаат одлични услови на живот и научив работи што не сум ги знаел за исламот воопшто.

На прашањето “Што беше најкорисно од посетите?” добиени се следните одговори: Најкорисно е тоа што од посетата научив нешто од нивните обичаи. Воопшто целата посета на факултетот и училиштето беше корисна, бидејќи како богослов или христијанин (кога не би постоеле вакви посети) не би имал можност да ги посетам исламскиот факултет и училиште”.

На прашањето “Дали сметате дека ваков вид на соработка е потребна и корисна?” голем е процентот на студенти и ученици кои одговориле дека е потребна.

Еден одговор од посетител е: “Сепак и двете училишта треба да соработуваат, затоа што би можеле многу да научиме многу едни од други, и да согледаме дека не мора да сме противници туку пријатели”.

 

Галерија:
 


Кратенки:
МЦМС – Македонски центар за меѓународна соработка
МПЦ – Македонска православна црква
ПБФ – Православен богословски факултет
ИВЗ – Исламска верска заедница
ФИН – Факултет за исламски науки
КЦ - Католичка црква
ЕМЦ – Евангелско-методистичка црква
ЕЗРМ – Еврејска заедница во Република Македонија