Студиски посети/посети на позитивни примери
Беа организирани и реализирани вкупно 3 студиски посети на кои учествуваа вкупно 17 претставници. Првата студиска посета беше реализирана на Универзитетот Тантур во Ерусалим (Израел).  Два студента од Православниот богословски факултет го посетија овој универзитет во периодот од 15 септември до 15 декември 2003 го­дина.

Втората студиска посета е реализирана во периодот од 28.03.04 до 03.04.04 година на Екуменскиот институт на Босеј (Швајцарија). Посетата Екуменскиот институт на Босеј го посетија двајца претставници од Македонската православна црква МПЦ. Тема на посетата беше “Праведна војна - дали постои праведна војна?” Нивните дискусии беа насочени кон значењето и дилемите за т.н. праведни војни и односот на црквата и црковните организации кон војните воопшто. Во текот на дискусиите беше истакнато дека многу страни (актери) ја користат религијата за да го оправдаат конфликтот и дека во реториката која се употребува во аргументите за конфликтите често се користи религиската симболика.
Со проектот беше остварена и посета на позитивнен пример. Како дестинација беше избрана Северна Ирска. Група од 13 члена, составена од претставници на пет верски заедници (по три од Македонската православна црква и од Исламската заедница, два од Еврејската заедница, по еден од Католичката и Евангелско-методистичката црква, како и два члена на Комисијата за односи со верските заедници и еден од извршната канцеларија на МЦМС) учествуваа на петдневна студиска посета на неколку верски заедници и други релевантни институции во Северна Ирска.

Во  рамките на програмата за посетата се остварија средби со претставници на Меѓуверскиот форум на Северна Ирска (пандан на Меѓурелигискиот совет на Македонија), Исламскиот центар, Антиохиската православна црква, Еврејската заедница, католичкиот манастир Клонард, како и на Коримела школата за медијација. Помеѓу презентациите и дебатите во институциите, се посетија и значајни верски објекти и знаменитости на Белфаст поврзани со конфликтот (вклучително и “парада на портокаловиот ред”), придружени со предавање за историјата на конфликтот.

Придобивката од учеството на студиските посети учесниците ја согледаа во контактите со учесниците, работата во групи и размената на искуствата во дебатите кои се однесуваа на темите. Учесниците истакнаа дека искуствата  од посетите ќе ги споделат во нивната средина.
 

Галерија:
 


Кратенки:
МЦМС – Македонски центар за меѓународна соработка
МПЦ – Македонска православна црква
ПБФ – Православен богословски факултет
ИВЗ – Исламска верска заедница
ФИН – Факултет за исламски науки
КЦ - Католичка црква
ЕМЦ – Евангелско-методистичка црква
ЕЗРМ – Еврејска заедница во Република Македонија