Обуки за основни вештини (англиски и компјутери)
Цел на проектот беше подобрување на капацитетите на црквите и верските заедници во Македонија, преку обука на нивни активисти/службеници за основни вештини (англиски јазик и компјутери).

Од 2003-2007 на обуката за англиски јазик учествуваа вкупно 52 лица, а на обуката за основни компјутерски вештини имаше 25 учесника. На обуките учествуваа претставници од 5 верски заедници: Македонска православна црква (МПЦ), Исламска верска заедница (ИВЗ), Католичка црква (КЦ), Евангелско-Методистичка црква (ЕМЦ) и Христијанска црква Божји Глас.