Семинар за меѓуверски дијалог
Со цел да се пренесат искуствата од странство од областа на меѓуверскиот дијалог, беше предвидено да се поканат претставници од Исламско-христијанскиот студиски центар од Копенхаген, Данска, кои преку еднодневен Семинар за меѓуверки дијалог на Богословскиот факултет и Факултетот за исламски науки во Скопје би ги претставиле нивните достигнувања на ова поле.

Семинарот се одржа на 13 септември 2004 година во просториите на Факултетот за исламски науки (претпладне) и Богословскиот факултет (попладне).

Како учесници и слушатели на семинарот беа присутни претставници од повеќе верски заедници. Поголемиот број на присутни учесници на семинарот беа од Факултетот за исламски науки и од Исламската верска заедница. Останатите учесници беа од: Богословски факултет и Македонска православна црква, Евангелско-Методистичка црква, Католичка црква, Прахристијанска заедница “Универзален живот”, Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи, ХО Ел Хилал и од МЦМС. Семинарот го следеа околу 70 учесници.

За најкорисно на семинарот учесниците ги издвоија: дијалогот, чувството на соживот и желбата да живееме заедно; размена на искуства, доаѓање до нови сознанија; меѓусебни контакти и споделени искуства.

Галерија:
 

Кратенки:
МЦМС – Македонски центар за меѓународна соработка
МПЦ – Македонска православна црква
ПБФ – Православен богословски факултет
ИВЗ – Исламска верска заедница
ФИН – Факултет за исламски науки
КЦ - Католичка црква
ЕМЦ – Евангелско-методистичка црква
ЕЗРМ – Еврејска заедница во Република Македонија