Поголема отчетност, еднакви права и дијалог за посилно општество - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Поголема отчетност, еднакви права и дијалог за посилно општество PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 29 декември 2025 15:14

И во последните месеци од 2025 година, Цивика мобилитас продолжи да отвора простор за дијалог, заштита на човековите права и зајакнување на улогата на граѓанските организации како клучен партнер во креирањето јавни политики. Трите последни стории објавени во октомври, ноември и декември ја прикажуваат динамиката на граѓанскиот сектор – од национално ниво и институционална соработка, до лични приказни за храброст и отпор кон дискриминацијата.

Sredba za vmrezuvanje 7

Октомвриската сторија ја отвора темата за јавните финансии и отчетноста, преку пораката дека „штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност“. Благица Петрески од „Фајнанс Тинк“, ја нагласува важноста од инвестирање во образование, здравство и иновации, особено во услови на инфлација и зголемени животни трошоци, кога граѓаните имаат потреба од точни, проверени и разбирливи информации. Во фокусот на разговорот што го водевме со неа беше дигиталната платформа „Економски компас“, која ги следи владините ветувања и ја поврзува економската политика со реалните приоритети на граѓаните. Сторијата ја истакнува улогата на граѓанскиот надзор во зголемувањето на транспарентноста, довербата и квалитетот на јавните политики, испраќајќи порака дека политичките ветувања не се депозити, туку обврска кон граѓаните.

Прочитај ја сторијата Кога штедењето станува политичка одговорност“.

505359320 1110370091115517 7317378420810800444 n e1761987750850

Во ноември се одржа еден од најголемите настани на Цивика мобилитас – Националниот форум. Годинава, Националниот форум – Саем на граѓанските организации, одржан на 26 ноември во Скопје, ги собра институциите и граѓанското општество околу заедничка цел – поотворено, поодговорно и поинклузивно управување. Преку дебати и панел-дискусии за образование, социјална политика, животна средина, дигитализација, добро владеење, здравство и локална самоуправа, беше истакната улогата на граѓанските организации како коректив, но и како креатор на решенија и јавни политики. Форумот ја потврди важноста на партнерството, довербата и континуираниот дијалог како предуслов за демократски развој и подобар квалитет на живот за граѓаните.

Прочитај ја сторијата „Граѓанскиот сектор помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“

dsc 8578 2048x1365

Последниот месец од годината беше заокружен со сторија посветена на личните искуства на жени кои со години ја прифаќале дискриминацијата како дел од секојдневието, сè додека преку поддршка од граѓанските организации не научиле дека имаат право на заштита и глас. Приказната ги отвора темите за родова и институционална дискриминација, стравот од пријавување и значењето на информираноста, правната помош и охрабрувањето. Преку конкретни примери, таа покажува дека промената започнува тогаш кога жените ќе препознаат дека неправдата не мора да се трпи и дека постојат механизми и луѓе кои стојат зад нив.
Прочитај ја сторијатаПриказни за жени кои научија дека дискриминацијата не е нормална“.

featured hccp

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Поголема отчетност, еднакви права и дијалог за посилно општество