Обука за градење на капацитетите на локалната самоуправа - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обука за градење на капацитетите на локалната самоуправа PDF Печати Е-пошта

Обука за градење на капацитетите на локалната самоуправаДецентрализацијата е комплексен процес тесно поврзан со напорите на Република Македонија за интеграција во Европа и со крајна цел подобрување на услугите за граѓаните кое ќе води кон подобрување на животниот стандард.

Модерната локална самоуправа од европски тип бара умешност и компетентно управување во општините. Прифаќањето на новите стандарди и вредности во функционирањето на локалната самоуправа, новата организациска култура, зајакнати капацитетите на луѓето во администрацијата преку унапредување на знаењата и вештините е чекор кон ефикасно и ефктивно задоволување на потребите и интересите на граѓаните.

Професионализацијата на локалната самуправа преку стекнување на нови знаења и вештини е императив за успешно спроведување на децентрализацијата и ефикасноста на локалната самоуправа. Оттука институционалниот и управувачкиот капацитет е еден од најважните фактори во обезбедување долгорочен и одржлив развој на заедниците.

Зајакнувањето на институционалниот и управувачкиот капацитет на општините преку инвестиција во човечкиот развој  е предуслов за ефективна и ефикасна локална самоуправа спремна да одговори на потребите и барањата на своите граѓани во брзо и навремено решавање на проблемите во заедниците.

Општа цел на проектот беше подобрени услуги за граѓаните во заедниците.

Цел на проектот беше подобрени организациски и институционални капацитети на руралните и други мали заедници за развојни иницијативи.

Целна група на проектот беа граѓаните од општините: Долнени, Могила, Карбинци, Лозово, Старо Нагоричане, Сарај, Јегуновце, Велес и Прилеп. Целното подрачје ги опфати наведените девет општини.

Постигнати резултати на проектот се: развиени знаења и вештини за пристап и управување со фондови и зајакнати човечки ресурси во локалните самоуправи за управување и раководење.

Со проектот беа спроведени четири обуки и една работилница: Обука за подготовка на проекти за ИПА, Обука за пристап до донатори и изработка на апликации, Обука за раководење со човечки ресурси, Обука за тимска работа и раководење со тим, и работилница за идентификација на приоритетите на заедниците во програмата ЛРЗ. Сите обуки се реализираа во согласнот со планираното. Дел од општините опфатени со проектот не учествуваа на некои од обуките и работилницата. Од 98 планирани учесници на обуките и работилницата учествуваа 75 учесници, од кои 45 беа мажи а 30 жени.

Временскиот период на спроведување на проектот беше од 23 мај до 17 декември 2007 година. Директни трошоци на проектот изнесуваат 655,934.50 МКД. Сите средства се обезбедени од ЕЕД од Германија (www.eed.de).

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми