Информативни активности за недискриминација |
Годината 2007 е назначена како „Европска година на еднакви можности за сите“ од страна на Европската комисијата. Комисијата објаснува дека „општата цел на Европската година е да ја зајакне свеста за вредностите на праведно, кохезивно општество, во кои има еднакви можности за сите“. Во држава како Македонија, каде правната заштита на многу групи сè уште не е осигурана, примерот на Европската година за еднакви можности носи важна порака која треба да биде пренесена низ целата земја. Македонија нема развиено темелна анти-дискриминациска легислатива, но и однесувањето на луѓето е во голема мерка дискриминирачко. Македонскиот центар за меѓународна соработна (МЦМС), Полио плус – група за под-дршка на луѓето со хендикеп и Центарот за човекови права и разрешување конфликти (ЦЧПРК), ги здружија силите за да го насочат вниманието на јавноста кон проблемот на дис-криминацијата во земјата. Општа цел на проектот беше да создаде ефективна и функционална рамка за еднакви можности на сите луѓе во Македонија. Целна група на проектот беше јавноста во Република Македонија. Директни корисници беа лицата кои се дискриминирани врз една или повеќе основи. Целно подрачје е Република Македонија. Повеќето од активностите се водеа на национално ниво, но последователните активности ќе бидат децентрализирани. Резултати
Активности Промотивните активности за јакнење на свеста на граѓаните започнаа со прес конференција која се одржа на 9 декември 2007 година симболично како најава за меѓународ-ниот ден на човековите права (10 декември). Промотивниот материјал беше дизајниран во духот на целата кампања, односно, со решенијата кои беа дел од презентацијата во медиумите. Тоа опфати: флаери, постери и новогодишни честитки, разгледници. Како основа беа користени флаерите на Европската унија изработени за „Европската година на еднакви можности за сите“, кои се модифицираа согласно со важечката законска регулатива во Република Македонија. Дополнително од основните промотивни активности, беа подготвени материјали со лични елементи на идентификација кои таргетираа одредена група луѓе кои сакаат тие да ги носат и користат, а со тоа да се идентификуваат како антидискриминатори. За таа намена беа изработени маици (поголем број детски), чаши, беџови. Дел од нив ќе бидат користени за децентрализираните настани (пр. награди, квизови). Се изработија и 15 инфо-точки за кампањата. Тие ќе бидат лоцирани во граѓанските организации вклучени во програмата. Подвижните инфо точки ќе бидат активирани во деновите во кои ќе има активна надворешна кампања, други активности од програмата или одбе-лежување на некои од значајните датуми за борба против дискриминација. Инфо-точките ќе содржат лифлети за самата програма и начините за препознавање и сузбивање на дискри-минацијата, дел од рекламните материјали (за продажба) и информации за самите вклучени организации. Материјалите продуцирани во рамките на овој проект, по почетната дистрибуција во рамките на централната кампања, ќе се користат во голема мерка и во последователните активности во текот на 2008 година, кога се предвидени децентрализирани настани во рамки на други проекти од оваа програма. Инфо-точките во граѓанските организации ќе бидат оперативни и по завршувањето на проектот, за потребите на кампањата, самата програма, но организациите ќе ги користат и за други свои потреби и активности. |