Граѓански дијалог на локално ниво - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓански дијалог на локално ниво PDF Печати Е-пошта

http://www.mcms.org.mk/gdln

Општа цел на проектот беше зголемена одговорност на институциите, граѓанските организации и граѓаните.

IMG 9351Целта на проектот беше зголемено влијание на граѓанските организации во креирање на политиките на локално ниво.

Целна група на проектот беа граѓанските организации, единиците на локална самоуправа, МЛС, ЗЕЛС. Директни корисници беа општините Битола, Дебар и Јегуновце, и граѓанските организации од трите општини.

Целното подрачје беше Република Македонија. Проектот се спроведе во Скопје, Битола, Дебар и Јегуновце.

Резултатите беа целосно постигнати. Подготвените публикации придонесоа кон подобро разбирање на граѓанското учество во креирањето политики и на механизмот за соработка помеѓу локалната самоуправа и граѓанските организации. Во трите пилот општини се подготвени и усвоени стратегии за соработка со акциски планови за период од 2012 до 2015 г. На две конференции, регионалната и националната, беа споделени искуства за партиципација на граѓанскиот сектор во креирање политики на локално ниво.

Проектот се спроведе преку следниве активности:

1.    Компаративна анализа и преглед

Компаративна анализата „Модели за соработка и учество на локално ниво: компаративен преглед“ е подготвена од Естер Хартаи (Eszter Hartay) и Катерина Хаџи-Мицева Еванс од Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) од Будимпешта.

Со цел да се даде преглед на законските основи и досегашната соработка на локалните власти со граѓанските организации во Република Македонија подготвен е  „Преглед на законската рамка и практики за соработка и вклучување на граѓанските организации во донесување одлуки на локално ниво“.

Прирачник за механизми за соработка на локалните самоуправи со граѓанските организации

Со цел да им се помогне на другите општини и граѓански организации на локално ниво да ја подобрат соработката преку развивање на механизмите за соработка, подготвен е „Прирачник за механизмите за соработка на локалните самоуправи со граѓанските организации“. Прирачникот ги дава основните насоки за воспоставување механизам за развивање на граѓански дијалог на локално ниво, и дава предлог модел за подготовка на локални стратегии за соработка. Прирачникот е подготвен од Емина Нурединоска од МЦМС и е публикуван во 400 копии од кои 300 се на македонски, а 100 на албански јазик.

2.    Меѓународна конференција „Граѓански дијалог на локално ниво“

На 13 јули 2011 година, во Скопје се одржа меѓународната конференција „Граѓански дијалог на локално ниво". Целта на конференцијата беше да се согледаат регионалните и домашните искуства за соработка меѓу властите и граѓанските организации на локално ниво, и да се предложи модел за поефикасна соработка и одржлив граѓански сектор на локално ниво.

3.    Развивање на институционален механизам за соработка на ЕЛС со граѓанскиот сектор

Во секоја од трите пилот општини се формираше работната група составена од по двајца претставници на општината и граѓанските организации. Работните групи ги водеа експертите на МЦМС. Во секоја општина работните групи одржаа по четири состаноци на коишто беа дискутирани потребите и предизвиците на соработката меѓу општините и граѓанските организации, беа идентификувани целите и очекуваните резултати, предложени беа мерки и активности за подобрување на соработката и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор. Со помош на експертите подготвени се три стратегии за соработка на општините со граѓанскиот сектор и поддршка на неговиот развој. Стратегиите содржат и детални акциски планови за четиригодишен период (2012-2015). Покрај работните групи, во процесите на подготовка на стратегиите беа организирани и форумски расправи за пошироката јавност. Предлог стратегиите беа претставени на форумите, а присутните имаа можност да дадат придонес преку работа во групи и отворени дискусии за предложените очекувани резултати, за активностите и за временската рамка. Беа одржани два форуми во Битола и по еден во Јегуновце и Дебар. На истите учествуваа вкупно 97 претставници на граѓанските организации, советите на општините и општинските администрации.

Стратегиите беа усвоени од советите на општините во декември, а се отпечатени во 400 копии на македонски во Битола, 200 копии на албански и 100 копии на македонски во Дебар и по 100 копии на македонски и албански во Јегуновце.

4.    Завршна национална конференција

На 25 ноември 2011 г. во Скопје се одржа националната конференција „Граѓански дијалог на локално ниво: размена на искуства“. Конференцијата беше дел од саемот на општините ЗЕЛС ЕКСПО.

На конференцијата беа споделени резултатите и искуства од пилот општините Битола, Дебар и Јегуновце во кои преку консултативен процес се подготвија стратегиите за соработка со граѓанскиот сектор, а воедно се дискутираше за  важноста и потребата од граѓански дијалог и соработка на локално ниво.

Проектот се спроведе од 1 јануари до 29 декември 2011 г .

Со цел да се споделат актуелни информации за соработка на локално ниво, БЦСДН објави 24 изданија на неделни вести од кој во просек по 2 беа на тема на граѓански дијалог на англиски јазик. Се вкупно беа објавени 49 вести, вклучувајќи информации од проектните активности, како и за случувањата за граѓанскиот дијалог во регионот. Беа објавени и  квартални вести со истите прилози на македонски јазик со цел директните корисници на проектот да се запознат со предизвиците, тековите, новините од соседните и ЕУ земји.

Проектот беше финансиран од Европската Унија од инструментот ЕИДХР, со буџетот од 2.732.425,50 денари.

Извршно резиме од проектот.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми