Меѓународна конференција “Граѓански дијалог на локално ниво“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Меѓународна конференција “Граѓански дијалог на локално ниво“ PDF Печати Е-пошта
Вторник, 05 јули 2011 13:30

Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 13 јули 2011 година во Скопје, во х. Холидејин во 10 часот организира конференција "Граѓански дијалог на локално ниво". Конференцијата се организира во рамките на го проектот "Граѓански дијалог на локално ниво" кој е поддржан од Делегацијата на ЕУ во Скопје од ЕИДХР.

Вклучени партнери во проектот се: Министерството за локална самоуправа, ЗЕЛС и општините Битола, Дебар и Јегуновце. Цел на проектот е зголемено влијание на граѓанските организации во креирање на политиките на локално ниво, додека целта на конференцијата е да се согледаат регионалните и домашните искуства за соработка меѓу властите и граѓанските организации на локално ниво, и да се предложи модел за поефикасна соработка и одржлив граѓански сектор на локално ниво.

Конференцијата ќе има меѓународен карактер, бидејќи ќе бидат презентирани наодите од подготвената компаративна анализа за соработка на властите со граѓанските организации на локално ниво која опфаќа преглед од неколку земји од Европа и регионот како: Велика Британија, Унгарија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија. На конференцијата ќе има и дваесетина учесници од локалните власти и граѓански организации од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово. Исто така, на конференцијата ќе бидат согледани и домашните трендови за што е подготвен преглед на законската рамка и практиките за соработка на единиците на локалната самоуправа со граѓанските организации.

Се покануваат сите заинтересирани граѓански организации да учествуваат на конференцијата.

Учество треба да се потврди кај Марија Саздевски на тел: 02/3088-983 или на е-маил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Патните трошоци на учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје ќе бидат покриени од страна на МЦМС, во висина на цената на повратен автобуски билет.

  Превземи дневен ред за конференцијата „Граѓански дијалог на локално ниво“

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Меѓународна конференција “Граѓански дијалог на локално ниво“