Оценки и анализи - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Оценки и анализи PDF Печати Е-пошта

Благодарение на доброто познавање на соодветните методологии и долгогодишното практично искуство тимот на консултанти на МЦМС врши различни оценки и анализи на институционално, секторско, организациско и проектно ниво.

И овде МЦМС тежнее да применува партиципативни методологии кои овозможуваат прибирање и аргументирање на ставовите на сите засегнати страни: прашалници, структурирани интервјуа, прибирање и анализа на релевантна литература, работилници и др.

Целиот процес на оценување и анализа се организира на таков начин за да обезбеди позитивна повратна информација и да поттикна организациско учење и развој за сите засегнати.

Краен резултат е извештај кој се подготвува во две фази: нацрт форма која се дискутира со нарачателот и засегнатите, а потоа врз основа на добиените забелешки се подготвува конечен извештај.

МЦМС спроведува оценки на организациските капацитети, оценки на проекти, програми, акциони и стратешки планови, оценки на капацитети на ниво на сектор, анализи на контекстот и правното опкружување и други анализи во зависност од потребите.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Консултации и обуки Теми