Фацилитација-водење на процеси |
Фацилитацијата на процеси подразбира ангажман на искусен консултант со цел тој да води/олеснува некој процес кој се одвива на организациско или институционално ниво. Тука може да биде вклучено водење низ стратешко планирање, годишно планирање, идентификациона мисија, формулациона мисија, воведување или ревизија на организациски системи и процедури и др. Фацилитацијата на процесите која ја обезбедува МЦМС покрај тоа што е фокусирана кон добивање на одреден краен продукт со партиципација на сите засегнати страни, е насочена и кон процесите на организациско учење овозможувајќи вклучените да усвојат нови пристапи во своето работење. За таа цел често фацилитацијата на процесите добива форма и на менторство. Сето ова е поддржано со прирачници, материјали со практични примери (најдобри практики) и компаративни студии. Крајните резултати се формулирани документи како: стратешки планови, планови за развој на организациски капацитети, акциски планови, предлог проекти и програми, правилници и упатства и др. |