Фацилитација на настани - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Фацилитација на настани PDF Печати Е-пошта

Фацилитацијата на настаните подразбира обезбедување на консултант кој врз основа на подготвен дневен ред обезбедува водење на дискусија, решавање на проблем и донесување заклучоци. При тоа се применува концептот на партиципативно донесување на одлуки во група кое осигурува целосна вклученост, взаемно разбирање, решенија кои ги земаат предвид интересите на сите и споделување на одговорноста меѓу учесниците. Фацилитаторот на МЦМС има улога на поддржувач на учесниците во текот на дискусијата за тие да извлечат најмногу од себе, да осигура аргуметирана и продуктивна расправа и да ги доведе учеснците до заеднички и прифатливи решенија.

Во зависност од барањето на нарачателот фацилитацијата на настаните може да вклучи и подготовка на извештај или записник, како и организациска/логистичка поддршка за подготовка на истиот.

МЦМС спроведува фацилитација на различни типови на настани вклучувајќи работилници, тркалезни маси, јавни дебати, форуми, конференции и др.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Консултации и обуки Методологија