Цело е кога има се - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Цело е кога има се PDF Печати Е-пошта

celo-e-koga-ima-se

Општата цел на овој проект е развој на демократските процеси, зачувување на националната стабилност преку намалување на меѓуетничките тензии кај населението и промоција на позитивни вредности.

Целта на проектот е да се покрене свеста за прашања од областа на човековите права, посебно од аспект на меѓуетничките односи и промоција на позитивните вредности на разликите меѓу различните ентитети.

Активностите предвидени со овој проект вклучуваа медиумска кампања, семинари за професори од двојазични училишта, еднодневни работилници, изложување на билборди и дистрибуција на печатени материјали.

Медиумската кампања се состоеше од 4 ТВ спота кои го промовираа богатството на разликите во јазикот, религијата и културата помеѓу различните ентитети и документарен филм во кој беа претставени размислувања од своја точка на гледиште на личности од различна возраст, пол, профил, етничко потекло и религија околу прашањата за меѓуетничките односи и човекови права воопшто. Спотовите беа прикажувани во период од четири недели од јуни до јули 2000 на 2 државни и 6 приватни телевизиски станици година додека документарниот филм беше прикажуван во период од два месеци на 6 приватни телевизиски станици.

Во рамките на проектот се оддржаа 6 тридневни семинари за средношколоски професори на кои присуствуваа 92 професори. На овие семинари се обработуваа теми од областа на човекови права, а беа организирани од страна на Информативниот центар за граѓанско општество (ИЦГО). ИЦГО подготви и 20.000 брошури наменети за средошколските ученици со интерактивна содржина обработувајќи теми како толеранција, национализам, мултикултурализам и сл. Брошурите беа дистрибуирани во 21 двојазично средно училиште низ целата територија на Република Македонија.

Во 11 градови во Македонија и тоа во: Штип, Куманово, Велес, Прилеп, Скопје, Делчево, Струга, Струмица, Тетово, Гостивар и Битола беа организирани еднодневни работилници со НВО, медиумите и локалната самоуправа. Еднодневните работилници се состеја од интерактивни предавања за човекови права и меѓуетнички односи. Во истите градови беа организирани и изложби на детски цртежи и забава за млади, кои беа искористени за промоција на проектот преку презентација на ТВ спотовите и дистрибуција на печатени материјали.

Како составен дел на кампањата беше и поставувањето на билборди со графички решенија од ТВ спотовите во 11 градови на Македонија во период од 2 месеци.

Беа подготвени и низа печатени промотивни материјали како маици, пенкала, столни и џебни календари кои беа дистрибуирани по странски и домашни институции, дипломатски претставништва, невладини организации, медиуми, и сите оние кои беа посредно или непосредно вклучени во проектот во периодот од јуни до семптември 2000 година.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Јакнење свест и кампањи Листа на кампањи