Православната ѓаконија во светот - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Православната ѓаконија во светот PDF Печати Е-пошта

Дата: 2009 година
ISBN: 978-9989-102-95-0
PDF:
  pravoslavnata-gakonija-vo-svetot.pdf

Православната ѓаконија во светотЗборот „ѓаконија” се однесува на христијанска социјална служба, односно служба на сочувство и солидарност која се базира врз христијанските вредности (божјата љубов) во облик на доброчинство и филантропија кон оние на кои им е потребна. Со текот на годините, по Ѓаконската конференцијата на Светскиот совет на црквите ССЦ (WCC) во 1986 г., концептот е проширен со цел да се усвои еден поширок, холистички и трансформативен пристап на работа со цел да се направат промени во однос на социјалните односи и структури.

Ѓаконија во својата екуменска форма, како што ја формулира ССЦ, бара правдина. Таа е глобална (за сите луѓе) и е не се двои од општеството. Таа исто така се стреми кон создавање долгорочни одржливи односи со моќни заедници, изградба на капацитети и интегрирана помош, рехабилитација, развој и помирување.

Оваа публикација всушност е прелиминарно истражување на православните хуманитарни и добротворни организации и обезбедува пресек на состојбата во православните ѓаконии во светот (т.е. што се случува „на теренот” на меѓународно ниво). Фокусот е врз работата на организации во светот кои се инспирирани од православието или се придружени кон него и кои нудат добротворна хуманитарна помош и социјални услуги.

Истражувањето се занимава со три вида организации: Официјално приклучени православни организации кои имаат мандат од националните цркви или црковни општини (службени социјални алатки на националните цркви); Признати православни организации, но не се официјално придружни кон црквата и Локални иницијативи од мал обем (православни здруженија и сл.).

Важно е да се прави разлика меѓу организации кои имаат улога на советодавни, координативни или финансиски тела и/ или организации кои спроведуваат активности. Донаторски или чадор-организации се единствено одговорни за финансирање, координација и/ или советување во однос на обезбедувањето услуги и програми кои се нудат од страна на други тела за спроведување активности (здруженија, агенции итн.). Организациите кои самите спроведуваат активности имаат дополнителна улога на нудење услуги и спроведување програми.

Покрај тоа што во ова истражување сите видови организации се значајни, корисно е да се одбележи оваа разлика бидејќи може да има импликации и да помогне при објаснување на неколку фактори, како што се големината и персоналот, географската локација, финансиите и постојните партнерства.

Прелиминарното истражување вклучува податоци за организациите кои се избрани според горенаведените критериуми. Резултатите се анализирани и презентирани споредбено во овој извештај: целта е да се обезбеди колку што е можно поточен (со оглед на количината и квалитетот на достапните податоци) глобален преглед на видот православни ѓаконски организации и нивната работа на ова поле во светот. Ова претставува почетна оценка на развојот и на моменталната состојба во Православната ѓаконија која може да послужи како основа за натамошни размислувања за можни идни перспективи во светот. Како таков, овој извештај е дел од постојаната иницијатива и чекор напред кон идниот развојот на Православната ѓаконија.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации