Стратешки план за развој на општината Гостивар - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Стратешки план за развој на општината Гостивар PDF Печати Е-пошта

Уредници: Димче Митрески и Тања Хафнер Адеми
Дата: 2006 година
ISBN: 9989-102-28-7
PDF:
strateski-plan-za-lokalen-razvoj-na-opstinata-gostivar-2006.pdf

Стратешки план за развој на општината ГостиварЕден од приоритетите на општините во Република Македонија е да подготвуваат различни „општински стратегии” за промоција или за унапредување на економската, на социјалната и на еколошката добросостојба на сопствените заедници, со цел придонес кон одржливиот развој.

Во почетокот на 2002 година донесен е новиот Закон за локалната самоуправа каде што се дефинирани новите надлежности на општините. Во Законот е дефинирано дека општините, покрај другото, се надлежни и за: урбанистичкото (урбаното и руралното) планирање; заштита на животната средина и природата; локалниот економски развој (планирање на локалниот економски развој, утврдување на развојните и структурните приоритети, водење на локалната економска политика, поддршка на развојот на МСП и на претприемништвото на локално ниво); и, комуналните дејности.

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во соработка со партнерските организации - Институтот за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија и Косовскиот развоен центар (КДЦ) од Косово, ја разви програмата Регионална меѓугранична соработка (РМС) во која што се опфатени општините од пограничниот триаголник помеѓу Македонија – Албанија - Косово: Гостивар (Македонија); Призрен и Драгаш (Косово) и Кукс (Албанија).

Во рамките на оваа програма, покрај другото, предвидено беше да се изработи стратешки план за локален развој на општината.
Тоа беше можност општината Гостивар да ги интензивира своите активности од аспект на изработка на стратешкиот план за локален развој.

За таа цел, најпрво беа испорачани неколку обуки за општинскиот тим, и тоа: раководење со проектен циклус, стратешко планирање, акциско планирање, за на крајот да се организира неколкудневна работилница за дефинирање план за локален развој на општината Гостивар.

Проценувајќи ги потребите за изработка на ефикасен стратешки план за развој и имајќи ги предвид сите активности што претстојат, се формира тим за изготвување на планот за локален развој на општината Гостивар. Овој тим, со поддршка на експерти од МЦМС, имаше задача да го изработи планот за локален развој на општината.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации