Студија за состојбите во руралните заедници - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Студија за состојбите во руралните заедници PDF Печати Е-пошта

Автори : Наташа Габер-Дамјановска; Климе Бабунски; Анета Јовевска
Дата: 2007 година
ISBN 978-9989-102-52-3
PDF: studija-za-sostojbite-vo-ruralnite-zaednici-2007.pdf

Студија за состојбите во руралните заеднициМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) повеќе години е активен во развојот на локалните заедници и капацитети како во граѓанскиот сектор, така и во локалната самоуправа. Одреден период овие активности немаа многу заеднички допирни точки, односно не се надополнуваа една со друга. Сега, соочени со големиот предизвик на децентрализацијата се повеќе се нагласува потребата од размена на искуства и заедничка акција.

Во 2006 година МЦМС започна со спроведување на тригодишната програма Локален развој на заедниците (ЛРЗ) 2006-2008 која за основа ги има позитивните искуства од претходно спроведената програма Оспособување на заедниците и институциите (ОЗИ) 2001-2005 и е продолжување на активностите на МЦМС во областа на јакнењето на капацитетите на руралните заедници.

Студијата за состојбите во руралните фокус заедници е една од првите вакви активности спроведени во рамките на програмата ЛРЗ и претставува почетно (base line) истражување за потребите на програмата и самите локални заедници.

Информациите презентирани во студијата даваат приказ на состојбите во фокус заедниците на програмата ЛРЗ во 2006 година кои можат да бидат основа за споредување и мерење на прогресот во развојот на овие рурални заедници.

Студијата поставува повеќе прашања и предизвици пред целата заедница за состојбите на руралните заедници во Република Македонија и повикува на поголемо внимание и посветеност за нивен развој, прогрес и вклученост.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации