Охридски рамковен договор - Студии на случај - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Охридски рамковен договор - Студии на случај PDF Печати Е-пошта

Автори: Наталија Шикова, Јорданка Галева, Марјан Младеновски, Фисник Шабани, Тања Хафнер-Адеми, Илина Нешиќ, Слаѓана Димишкова, Јован Близнаковски, Реџеп Али Чупи, Елена Нацевска, Лулзим Селами, Илина Мангова, Благородна Ампова, Пранвера Имери, Арлинда Имери, Јасмина Поповска, Марија Саздевски, Дервиша Хаџиќ-Рахиќ, Мухамед Точи, Дона Димов-Марковска, ЦСИД „Форум“, Билјана Начарова

Дата: август 2011

ИСБН: 978-608-4617-41-9

PDF: ohridski-ramkoven-dogovor-studii-na-slucaj.pdf

ord studii na slucajМЦМС во пресрет на десетгодишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор (ОРД) спроведе сеопфатно истражување за спроведувањето и постигнувањата на ОРД, како и на ефектите и влијанието што тие ги имаа(т) за граѓаните на Македонија, општеството и државата. Истражувањето се спроведува повеќе од една година од повеќечлен истражувачки тим, во консултации со советодавен комитет и со примена на повеќе истражувачки методи (анкети, студии на случај, интервјуа и др.).

Ова истражување се спроведува за првпат и истражувачкиот тим разви концепциска рамка од почеток. Концепцијата е заснована од сопствените искуства на МЦМС и истражувачкиот тим, на малкуте постоечки истражувања во глобални рамки, како Северна Ирска, Јужноафриканската Република и Австралија. Тимот разви систем на показатели за процена и понатамошно следење повеќе димензии на ОРД: цели и принципи, прекин на непријателствата, децентрализација, недискриминација (вкл. правична застапеност), заштита од мајоризација, изразување на идентитетот, како димензии кои не се дел од ОРД, но имаат влијание како и околината, меѓуетничките односи и институциите одговорни за ОРД.

Во оваа публикација се содржани 19 студии на случај, кои подлабоко обработуваат определени теми поврзани со ОРД. Студиите на случај беа предвидени за оние показатели ОРД за кои потребните информации не можеа да се обезбедат со статистика и испитување на јавното мислење. Авторите на студиите беа избрани преку јавен конкурс.

Студиите на случај претставуваат длабинска анализа на конкретни прашања (случаи) од важност за ОРД. Методологијата употребена во студиите е одговорност на авторите, а користени се повеќе истражувачки методи: анкети, интервјуа, анализа на литература и сл.

Дел од наодите и заклучоците од овие студии ќе најдат свое место во главниот извештај од истражувањето за ОРД, а во оваа публикација студиите се прикажани во целост, за да послужат како основа за други истражувачи и истражувања.

Студиите се работени и објавени на јазикот кој го одбрале авторите. Насловите и резимињата на студиите, како и кратките биографии на авторите се објавени на македонски, на албански и на англиски јазик, како и на јазикот на авторите (ромски, босански и српски јазик).

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации