Западен Балкан 2020: Ризици за заробување на државата и реформи на политиките - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Западен Балкан 2020: Ризици за заробување на државата и реформи на политиките PDF Печати Е-пошта

Уредници: Др. Огниан Шентов, Руслан Стефанов, Бојко Тодоров
ISBN: 978-608-4848-39-4
Дата: 2021 година
PDF EN: WB-2020-State-capture-risks-and-policy-reforms.pdf

Извршно резиме на Македонски јазик
Извршно резиме на Албански јазик
Извршно резиме на Српски јазик
Извршно резиме на Босански јазик
Извршно резиме на Црногорски јазик

state capture risks and policy reforms western balkans 2020Во последните две децении, земјите од Западен Балкан претрпеа значајни политички, социјални и економски трансформации. Меѓутоа, голем број на нерешени предизвици остануваат критични, меѓу кои е и интегритетот на јавното управување.

Прашањето за владеењето на правото во општа смисла и особено антикорупцијата сега се во срцето на политичкиот проект со најголеми последици во Западен Балкан – нивната интеграција со истакнатата европска организација, Европската Унија.

Придонесот на Мрежата за развој и интегритет на Југоисточна Европа (СЕЛДИ) во антикорупциската агенда во Западен Балкан е истовремено специфичен и активен, обидувајќи се да ги премости препораките за следење, анализа и политики.

Во Регионалниот антикорупциски извештај за 2020 година под наслов „Западен Балкан 2020: Ризици за заробување на државата и реформи на политиките“, подготвен од СЕЛДИ во рамки на Програмата Регионална мрежа за антикорупција, се разгледува законската рамка и развојот во пракса на државните институции – извршната, законодавната и судската власт.

Проценката на регулаторните и институционалните фактори кои овозможуваат корупција во регионот не е наменета како сеопфатен попис, туку таа нагласува дел од приоритетните прашања поврзани со потенцијалните напори за спречување на вообичаените извори на корупција.

Извештајот дава модел на известување за напредокот во борбата против корупцијата преку граѓанското општество во Западен Балкан.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Истражувања