Извештај за усогласеност на македонското законодавство со меѓународните препораки за ефикасна борба против корупција - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Извештај за усогласеност на македонското законодавство со меѓународните препораки за ефикасна борба против корупција PDF Печати Е-пошта

Aвтори: Снежана Камиловска Трповска, Наташа Иваноска, проф. д-р Никола Тупанчески
Дата: мај 2019
PDF MK: izvestaj-za-usoglasenost.pdf
PDF EN: report-on-compliance.pdf

izvestaj za usoglasenostИзвештајот за усогласеност на македонското законодавство со препораките на Европската комисија и извештаите на ГРЕКО ги обединува во една целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на антикорупциските реформи кои беа преземени во државата во периодот од 2013 до 2018 година. 

Целта е да може да се согледа колку државата напредувала или назадувала во однос на прашањата кои се поврзани со борбата против корупцијата, како и кои се очекувањата на ЕУ за Северна Македонија, како земја-кандидат за членство во оваа Унија. Анализата ќе ја прикаже усогласеноста на домашната регулатива не само со препораките на ЕУ, туку и со препораките од ГРЕКО, како меѓународно тело чијашто основна цел е да идентификува колку земјите работат во насока на превенција и спречување корупција.

Основа за овој извештај се: Извештајот за евалуација за Република Северна Македонија - четврт круг на евалуација, Извештајот за усогласеност на четвртиот круг на евалуација и вториот Извештај за усогласеност на четвртиот круг на евалуација на ГРЕКО и извештаите на Европската комисија за земјата во периодот од 2013 до2018 година. 

Податоците кои се содржани во извештајот се собирани во периодот од септември 2018 до април 2019 година.

Извештајот е дел од проектот „Следење на антикорупциските реформи“ спроведен од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество со поддршка на Европската унија.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Истражувања