Адресар на верските заедници во Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Адресар на верските заедници во Македонија PDF Печати Е-пошта

Одговорен уредник: Александар Кржаловски
Дата: 2004 година
PDF:
adresar-na-verskite-zaednici-vo-makedonija.pdf

Адресар на верските заедници во МакедонијаОва е првото издание од Адресарот на верските заедници во Македонија. Со ова издание Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го продолжува и проширува позитивното искуство од Адресарот на граѓанските организации во Македонија (7 изданија, последното во 2003 година) и Адресарот на единиците на локалната самоуправа во Македонија (2002 година).

Адресарот има за цел да ја подобри информираноста за црквите, верските заедници и религиозните групи во Македонија, како меѓу нив самите, така и кај пошироката јавност. Ова е една од целите на програмата Меѓурелигиска соработка во Македонија (ПРМ), во чии рамки е овозможено печатењето на овој адресар.

Со Адресарот се опфатени 23, од вкупно 25 верски заедници, регистрирани во Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи во Република Македонија, според Законот за верските заедници и религиозните групи (Сл. весник 37/1997-1426). Со оглед на тоа што едната од овие две неопфатени верски заедници не ги обновила податоците од првичното регистрирање, а другата е во процес на пререгистрација во здружение на граѓани, може да се смета дека Адресарот обезбедува целосна опфатеност.
Адресарот ги содржи основните податоци на верските заедници (податоци за контакт, свештените функции и хиерархиската структура, видот и бројот на верските објекти, верските обреди и празници, активностите и институциите за верско образование, издавачката дејност), како и фотографии од седиштето и  позначајните верски објекти.

Адресарот е издаден на македонски јазик, а во скратена верзија и на албански и англиски јазик. Адресарот е публикуван благодарение на интензивната и добра соработка со сите цркви, верски заедници и религиозни групи во Македонија, а особено со членките на Управувач ката група и Издавачкиот совет за програмата ПРМ: Македонската православна црква (МПЦ), Исламската заедница во Република Македонија (ИЗ), Католичката црква (КЦ), Евангелско-методистичката црква (ЕМЦ) и Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ). Основните податоци за контакт ги обезбеди Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во Македонија.

Издавањето финансиски го поддржаа Данската црковна помош и Норвешката црковна помош.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации