100 дена Влада (2022) - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

100 дена Влада (2022) PDF Печати Е-пошта

Автор: Валентина Величковска
Дата: Мај, 2022
PDF: 100_dena_Vlada_analiza_konecna.pdf

100 dena vladaМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) спроведе истражување на јавното мислење на тема: „100 дена Влада“. Истражувањето ја опфати генералната перцепција на граѓаните за работата на новата реформска Влада во првите 100 дена, но исто така и за работењето на министрите и исполнувањето на очекувањата или разочараноста на граѓаните во одделните области како што се правда, здравство, образование, економија итн. Таму каде што е возможно, направени се споредби со податоците од претходни истражувања, или споредба со претходната година па читателот може да види како растела или опаѓала поддршката.

Темите кои ги одбравме како прашања за испитување претставуваат збир од прашања за кои ние сметаме дека се релевантни за оценување на работата на Владата. 

Покрај ова, направена е и проверка на довербата на граѓаните во Владата како и јавното мислење за политичката стабилност на државата. 

Истражувањето дава осврт на јавното мислење за насоката во која се движи земјата, кој е најважниот проблем со кој се соочуваме, кои се очекувањата за економијата во следниот период и кој е најдобриот пат за земјата во иднина. 

Анкетата ја спроведе агенцијата М-проспект.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации