Спорот за името 2013 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Спорот за името 2013 PDF Печати Е-пошта

Автор:  Сашо Клековски
Дата:  јануари 2014 г.
ISBN: 978-608-4681-17-5
PDF: sporot-za-imeto-makedonija-2013.pdf

ime13Во извештајот од истражувањето „Спорот за името 2013 – ставови на јавноста“ се прикажани резултатите од испитувањето на јавното мислење. Ова истражување Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија (ИДСЦС) го спроведоа по трет пат, по 2010 г. и 2011 г., а овој пат дополнет со интернет анкета со јавните и информирани личности. Истражувањето треба да придонесе кон поширока јавна дебата за спорот за името, во која ќе бидат вклучени сите релевантни чинители.

Извештајот е составен од вовед, вклучувајќи методологија, кратка историја за спорот, ставови на граѓаните за решение на спорот, изјаснување на референдум, градење национален став, фактори кои влијаат на граѓаните, очекувања за решение на спорот, наодите од интернет анкетата со јавни и информирани личности и заклучоци.

Испитувањето на јавното мислење направено преку теренска анкета во периодот 15 ноември – 1 декември 2013 г на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници со +/- 3 % грешка. Анкетата  ја спроведе М-проспект, чија одговорност беше и нејзината методолошка исправност.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации