Организациска поддршка на конференцијата ЕРПГ - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Организациска поддршка на конференцијата ЕРПГ - извршно резиме PDF Печати Е-пошта

Од 13-17.05.2008 година во Охрид, Република Македонија, Светскиот совет на црквите (ССЦ) ќе одржи состанок на Европската регионална партнерска група (ЕРПГ). Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка ќе биде вклучен во организацијата на состанокот.

Организациска поддршка на конференцијата ЕРПГ - извршно резимеОпшта цел е да се збогати меѓусебната соработка на верските заедници и да се подобри разбирањето за нив кај целокупната јавност во Македонија.

Целта на ЕРПГ состанокот е да се овозможи простор за размена на информации, координација и развој на развојни политики помеѓу екуменските партнери кои работат во централна и источна Европа.

На состанокот ќе учествуваат околу 40 претставници од неколку агенции на ССЦ и екуменски организации од повеќе земји. По наша иницијатива, а во согласност од Светскиот совет на црквите на состанокот е одобрено да се поканат по еден претставник од Македонската Православна Црква (МПЦ) и еден од Еванглеско Методистичката Црква (ЕМЦ).

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон проектните резултати се: добра координација со партнерската организација, навремено споделување на информациите, навремената регистрација и добивање на потребните податоци за учесниците. Сите релевантни актери од оваа област ќе бидат вклучени во проектот. Македонскиот центар за меѓународна соработка и Светскиот совет на црквите ќе бидат активно вклучени во реализацијата на овој проект.

Временскиот период на спроведување е 15 април – 10 јули 2008 година. Финансискиот план на проектот е 500,000 МКД (петстотини илјади денари).

Завршен извештај од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашите цели Прифатена културна разноличност