Македонија без дискриминација - извршно резиме |
Терминот „еднакви можности” е спротивност на сите форми на дискриминација и ги обединува напорите за борба против нееднаквостите и заштитата на луѓето од сите форми на дискриминација (вклучувајќи, но не само по основ на: род, етничко и расно потекло, религија и уверувања, хендикеп, возраст). Годината 2007 е назначена како Европска година на еднакви можности за сите, откако Европската комисијата ја потврди одлуката на Парламентот и Советот, во мај 2006 година. Комисијата објаснува дека „општата цел на Европската година е да ја зајакне свеста за вредностите на праведно, кохезивно општество, во кои има еднакви можности за сите”. Во држава како Македонија, каде правната заштита на многу групи сè уште не е осигурана, примерот на Европската година за еднакви можности носи важна порака која треба да биде пренесена низ целата земја. Македонија нема развиено темелна недискриминациска легислатива, но и однесувањето на луѓето е во голема мерка дискриминирачко. Поради тоа, во специфичниот контекст на ниско ниво на толеранција, доверба и јавен дух, оваа програма треба да допре до прашањата за дискриминација, еднакви можности и создавање национални механизми за заштита на човековите права. Македонскиот центар за меѓународна соработна (МЦМС), на иницијатива на Полио плус – група за поддршка на луѓето со хендикеп, а во соработка со повеќе граѓански организации, активни на полето на човековите права, ги здружија силите за да го насочат вниманието на јавноста кон проблемот на дискриминацијата во земјата и да ги започнат неопходните промени во следниот среднорочен период. Тие идентификуваа проблеми од социо-културниот контекст, правната рамка и институциите и соодветно го дизајнираа пристапот базиран на нивните претходни искуства. Општа цел на програмата е да се придонесе кон праведно општество, без дискриминација, каде сите луѓе го уживаат правото на еднакви можности, како и придобивките од разноличноста. Цел на програмата е понатамошен развој на поддржувачка околина за еднакви можности на сите луѓе, односно недискриминација во Македонија. Фокусот на оваа програма е да се подобри ситуацијата на одредени целни групи, дискриминирани врз една или повеќе основи. Во случајот на Македонија, дополнителна целна група се и луѓето кои живеат во сиромаштија. Програмата планира да ги постигне следниве резултати:
Соодветно, активностите ќе се организираат во истите групи, како: Национална стратегија и правна рамка, Институционален развој, Следење на состојбите, Градење јавна свест. Партнерите ќе соработуваат со Владата и други засегнати страни со цел да ги постигнат планираните резултати. За спроведување на активостите, ќе биде формиран Програмски одбор. Периодот на спроведување на програмата е ноември 2007 - декември 2010 година. Планираниот буџет е околу 400,000 евра. Ќе биде обезбеден од изворните фондови на МЦМС, други меѓународни донатори, донации од бизнис секторот и преку некои активности за генерирање на фондови. Тековен извештај од програмата
|