Македонија без дискриминација - извршно резиме - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонија без дискриминација - извршно резиме PDF Print E-mail

mbdТерминот „еднакви можности” е спротивност на сите форми на дискриминација и ги обединува напорите за борба против нееднаквостите и заштитата на луѓето од сите форми на дискриминација (вклучувајќи, но не само по основ на: род, етничко и расно потекло, религија и уверувања, хендикеп, возраст).

Годината 2007 е назначена како Европска година на еднакви можности за сите, откако Европската комисијата ја потврди одлуката на Парламентот и Советот, во мај 2006 година. Комисијата објаснува дека „општата цел на Европската година е да ја зајакне свеста за вредностите на праведно, кохезивно општество, во кои има еднакви можности за сите”.

Во држава како Македонија, каде правната заштита на многу групи сè уште не е осигурана, примерот на Европската година за еднакви можности носи важна порака која треба да биде пренесена низ целата земја. Македонија нема развиено темелна недискриминациска легислатива, но и однесувањето на луѓето е во голема мерка дискриминирачко. Поради тоа, во специфичниот контекст на ниско ниво на толеранција, доверба и јавен дух, оваа програма треба да допре до прашањата за дискриминација, еднакви можности и создавање национални механизми за заштита на човековите права.

Македонскиот центар за меѓународна соработна (МЦМС), на иницијатива на Полио плус – група за поддршка на луѓето со хендикеп, а во соработка со повеќе граѓански организации, активни на полето на човековите права, ги здружија силите за да го насочат вниманието на јавноста кон проблемот на дискриминацијата во земјата и да ги започнат неопходните промени во следниот среднорочен период. Тие идентификуваа проблеми од социо-културниот контекст, правната рамка и институциите и соодветно го дизајнираа пристапот базиран на нивните претходни искуства.

Општа цел на програмата е да се придонесе кон праведно општество, без дискриминација, каде сите луѓе го уживаат правото на еднакви можности, како и придобивките од разноличноста.

Цел на програмата е понатамошен развој на поддржувачка околина за еднакви можности на сите луѓе, односно недискриминација во Македонија.

Фокусот на оваа програма е да се подобри ситуацијата на одредени целни групи, дискриминирани врз една или повеќе основи. Во случајот на Македонија, дополнителна целна група се и луѓето кои живеат во сиромаштија.

Програмата планира да ги постигне следниве резултати:

  • МЦМС беше активно вклучен во подобрувањето на правната рамка за недискриминација
    усвоено основно недискриминациско законодавство, врз основа на национална стратегија, споредбена анализа на националните закони, меѓународни стандарди и практики;
  • развиени институции за прашањата на еднаквост, со подобрени капацитети на (постоечките и нови) институции и нивна меѓусебна соработка;
  • подобрено следење на случаите на дискриминација и на спроведувањето на мерките за недискриминација;
  • зголемена јавна свест за толеранција, прифаќање на разноличноста и концептот за еднакви можности.

Соодветно, активностите ќе се организираат во истите групи, како: Национална стратегија и правна рамка, Институционален развој, Следење на состојбите, Градење јавна свест.

Партнерите ќе соработуваат со Владата и други засегнати страни со цел да ги постигнат планираните резултати. За спроведување на активостите, ќе биде формиран Програмски одбор.

Периодот на спроведување на програмата е ноември 2007 - декември 2010 година.

Планираниот буџет е околу 400,000 евра. Ќе биде обезбеден од изворните фондови на МЦМС, други меѓународни донатори, донации од бизнис секторот и преку некои активности за генерирање на фондови.

Тековен извештај од програмата

 
Се наоѓаш тука  : Home About Us Our History