Нов модел за недискриминација - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Нов модел за недискриминација PDF Печати Е-пошта

09_08_MBD_103Принципите на еднаквост и недискриминација се базични елементи на меѓународната законска рамка во однос на човековите права. Овие права се фокусираат особено на заштита на човековите права за ранливите и маргинализирани групи, како и за социјално исклучените индивидуи. Оттука е неопходно за секоја држава да воспостави институционални механизми со кои ќе се овозможи ефективна одбрана на човековите права.

Иако Република Македонија ги ратификуваше повеќето меѓународни правни документи, основните проблеми во однос на недискриминацијата се смета дека во земјата постои широка распространетост на нетолеранција на повеќе нивоа, дека постои недостаток на развиеност кај граѓанскиот сектор за борба против дискриминацијата, недостаток на легална рамка и силни институции, недостаток на мониторинг активности и нивна анализа во однос на недискриминацијата.

Сепак, поконкретни чекори како од страна на граѓанските организации, така и од државата се преземени во 2007 и 2008 година. Десетина граѓански организации кои воедно се и лидерски организации во областа на човековите права се здружија во неформална коалиција со цел заеднички да ги истакнат потребите за заштита од дискриминација. Исто така, државата со иницијативата за донесување закон за заштита од дискриминација се приклучи на барањата кои беа посочувани од граѓанските организации.

Градењето јасна стратегија и законодавство подразбира и силни организации и институции кои ќе се подготвени да преземаат конкретни активности. Зајакнати граѓански активисти и државни службеници е еден од условите за превенција и заштита од дискриминација.

Општа цел е понатамошен развој на поддржувачка околина за еднакви мож¬нос¬ти на сите луѓе, односно недискриминација во Македонија. Цел на проектот е јакнење на капацитетите на граѓанските организации и пред се на државните институции за заедничко делување во промоцијата на еднаквите можности и недискриминацијата. Целна група се граѓанските организации и претставници од органите на државната управа. Целното подрачје е Република Македонија.
Очекувани резултати од проектот се: развиени институции за прашањата на еднаквост, со подобрени капацитети на институции и нивна меѓусебна соработка; зајакнати капацитети на граѓанските организации членки на коалицијата за недискриминација и на на државната управа, создавање механизми за мониторинг и известување за дискриминацијата и употреба на механизми за нејзино спречување.

Проектот ќе се состои од неколку активности: обуки, студиска посета, анализи и извештаи. Преку проектот се планира спроведување на две обуки за недискриминација. Првата обука се планира да биде Основна обука за недискриминација и ќе биде наменета за државните службеници на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), додека пак втората обука се планира да биде наменета за членовите на Националното координативно тело. Покрај градењето на капацитетите, преку проектот се планира и реализирање на една студиска посета за Работната група на законот за недискриминација, подготовка на извештај за состојбата во општеството во однос на дискриминцијата, подготовка на анализа на меѓународни стандарди и практики во однос на недискриинаторската легислатива, отворање на  јавна дебата за претстојниот закон и подготовка на публикација нов модел за заштита од дискриминација. Покрај овие активности, Месечина ќе биде целосно одговорна за спроведувањето и организацијата на двете обуки, ќе организира дебати и тематски форум за што на крајот од проектниот период ќе достави извештај до МЦМС.

Периодот на спроведување е 28 август 2009 г. – 30 јуни 2010 г. Вкупните трошоци на проектот се 2,651,680 МКД. Придонесот на МЦМС изнесува 910,000 МКД. 

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните резултати се: интерес за меѓусебна соработка на граѓанските организации и интерес за зголемување на капацитетите на организациите и институциите.

Активностите ќе бидат спроведувани во координација со вклучените граѓански организации, а пред се со секретаријатот на коалицијата за недикриминација. МЦМС во консултации со вклучените организации е одговорен за донесувањето на одлуките и спроведување на проектот. Проектот е многу сложен и вклучува хетерогени корисници, односно претставници од сите сектори во општеството, повеќе организации во спроведувањето.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата историја Нов модел за недискриминација