Адресар на општините во Република Македонија |
Одговорен уредник: Грамоз Шабани На овој Адресар му претходеа две изданија, во 2002 и 2006 година, кои како и сега беа подготвени во соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Со овој нов Адресар на единиците на локалната самоуправа сакаме да го повториме претходното позитивно искуство. Адресарот е наменет за подобрување на меѓусебната информираност и комуникација на ЕЛС, како и информираноста и комуникацијата на ЕЛС со другите актери од јавниот, деловниот и граѓанскиот сектор, како и со можните донатори. МЦМС и ЗЕЛС успеаа по втор пат да ги обезбедат податоците за сите ЕЛС, вклучително и градот Скопје. Опфатеноста од 100% овозможува да ги имате на едно место сите битни информации за сите 85 ЕЛС во Република Македонија. Во Адресарот ги презентираме податоците за кои сметавме дека ќе придонесат кон разбирањето на информираноста и комуникацијата. Тоа се податоци за градоначалникот и Советот, како и нивните контакт податоци; основни податоци за ЕЛС; податоци за структурата на ЕЛС; буџетот на ЕЛС; локален економски развој или податоци за реализираните и планираните активности. Адресарот е издаден на македонски, албански и англиски јазик во електронска форма на ЦД и е достапен на веб страницата на МЦМС www.mcms.org.mk и ЗЕЛС www.zels.org.mk
|